Tumgik
#срцеваслабост
Text
ФИТОТЕРАПИЈА: За кардиоваскуларни болести (1)
Tumblr media
Фитотерапијата или современата хербална медицина претставува научна дисциплина која ја проучува употребата на лековитите растенија и нивните производи во превенцијата и во третманот на заболувањата кај човекот.
Tumblr media
Во овој текст ќе ја разгледаме примената на растенијата за одредени кардиоваскуларни болести.
Tumblr media
СРЦЕВА СЛАБОСТ 
Лист од црвен бутин (Digitalis purpurea) или волнест бутин (Digitalis lanata)
Tumblr media Tumblr media
Активноста на бутинот се должи на кардиоактивните гликозиди.
Лист и цвет со/без плодот на црвениот (Crataegus laevigata) или белиот глог (Crataegus monogyna)
Tumblr media Tumblr media
Активноста на глогот се должи на флавоноиди, антоцијанидини и проантоцијанидини.
Експериментално е покажано дека глогот има повеќе фармаколошки ефекти кои се корисни за кардиоваскуларниот систем: ја инхибира аритмијата, ги шири коронарните крвни садови, го намалува нивото на серумскиот холестерол и на триглицеридите, ги намалува симптомите на ангината и срцевата слабост и има хипотензивен ефект-како резултат на ширењето на периферните крвни садови. Позитивниот ефект на срцевиот мускул го постигнува преку инхибиција на цикличната AMP фосфодиестераза, што доведува до позитивен инотропен ефект. Има ефект и врз бета-адренергичните рецептори.
Дневна доза е 160-900 mg екстракт од глог.
Tumblr media
АНГИНА ПЕКТОРИС
Лист и цвет со/без плодот на црвениот (Crataegus laevigata) или белиот глог (Crataegus monogyna)
*Прочитајте во текстот за срцева слабост
Корен на корејски/кинески жен-шен (Panax ginseng)
Tumblr media
Активноста на жен-шенот се должи на гинсенозидите и сапонините.
Жен-шенот се смета за антагонист на калциумовите канали во васкуларното ткиво. Ги шири коронарните артерии, го инхибира создавањето на атероми преку попречување на пролиферацијата на мазните мускулни клетки, ја зголемува фибринолитичката активност на крвта. Вазодилаторниот ефект на жен-шенот можно е да е резултат на ослободување на азот-моноксид. 
Корен на црвена/кинеска жалфија (Salvia miltiorrhiza)
Tumblr media
Ги шири коронарните артерии и поради тоа е оправдано неговото користење за ангина пекторис. Има и протективен ефект на исхемичниот миокард.
Tumblr media
ХИПЕРТЕНЗИЈА 
Луковица на лукот (Allium sativa)
Tumblr media
Лукот има антиоксидативен ефект, ја инхбира тромбоцитната агрегација, го намалува нивото на сермускиот холестерол и трглицеридити, ги намалува липопротеините со ниска густина, а ги зголемува липопротеините со висока густина. 
Корен на рауволфија (Rauvolfia serpentina)
Tumblr media
Природен извор е на алкалоидот резерпин.
Резерпинот предизвикува намалување на норадреналинот во адренергичките неврони и на тој начин дејството на симпатикусот е намалено. 
Ризом и корен на чемерика (Veratrum viride, Veratrum californicum, Veratrum album или Veratrum  japonicum)
Tumblr media
Содржи алкалоид кој делува на барорецепторите во левата комора и во коронарните артерии и преку n.vagus предизвикува Bezold-Jarisch рефлекс, т.е. хипотензија и брадикардија. 
Стефанија (Stephania tetrandra)
Tumblr media
Тетрандинот присутен во ова растение е блокатор на калциумовите канали. 
Корен на Ligusticum wallichi
Tumblr media
Активната компонента тетраметилпиразин прави вазодилатација на крвните садови преку антагонизам на калциумовите канали и на алфа-адренергичните рецептори. 
Еводиа (Evodia rutaecarpa)
Tumblr media
Плодовите содржат активна компонента рутекарпин која има вазорелаксантно дејство.
Магистар по фармација Тања Велјановска
*Содржината на текстот е од информативен карактер и не е наменета за дијагностицирање или лекување. За вашата здравствена состојба консултирајте се со вашиот лекар.
Референци:
1. Francesco Capasso, “Phytoterapy a quick reference to herbal medicine”, New York, 2003
0 notes