Tumgik
#Дијабетес
vaseljenska · 7 years
Text
Стално вам је хладно? Поведите рачуна, ово су могући узроци
Стално вам је хладно? Поведите рачуна, ово су могући узроци http://www.vaseljenska.com/vesti-dana/stalno-vam-je-hladno-povedite-racuna-ovo-su-moguci-uzroci/
0 notes
Text
КАРДИОВАСКУЛАРНИ ЗАБОЛУВАЊА - Ризик фактори и превенција
Tumblr media
Кардиоваскуларните болести го завземаат првото место како причинители на смртност во Република Македонија и во светот.
Tumblr media
Според Државниот завод за статистика на Република Македонија, во последниве 7 години, процентот на смртност предизвикан од кардиоваскуларни болести се движи од 57,2% до 59,2% од вкупната смртност. 
Ова не треба да предизвика страв, туку да не соочи со фактите дека не сме имуни на овие болести, како и последиците од нив – смртност и инвалидитет и дека активно треба да се вклучиме во борбата против кардиоваскуларните болести.
Tumblr media
Борбата против кардиоваскуларните заболувања се состои од информирање, превенција, еднаш годишно прегледи за лица над 40-тата година (без разлика дали постојат симптоми или не за кардиоваскуларни болести), правилно и редовно користење на терапијата доколку е препишана и промена на начинот на исхрана и животниот стил.
Tumblr media
Во борбата против кардиоваскуларните болести, ни претстои примарна превенција и секундарна превенција.
Tumblr media
Примарната превенција се однесува на целата популација и ги вклучува здравиот начин на живот и на исхрана, елиминирање на ризик факторите за појава на кардиоваскуларни заболувања.
Tumblr media
Секундарната превенција се однесува на оние пациенти кои веќе се заболени од кардиоваскуларни болести и кај овие пациенти се делува со цел да се намали инвалидноста, смртноста, да се овозможи што побрзо откривање на болеста и лекување , правилна рехабилитација како и препорака за да се намалат сите ризик фактори.
Tumblr media
Има многу ризик фактори кои се поврзани со кардиоваскуларните болести. Некои ризик фактори како наследниот фактор, етничкото потекло, возраста и полот, не можат да се променат.
Други ризик фактори кои можат да се променат или третираат се изложувањето на чад од цигари, прекумерно пиење на алкохол, нездрава исхрана, физичка неактивност, висок крвен притисок, висок холестерол, гојазност и дијабетес.
Tumblr media
Останати ризик фактори се: сиромаштијата, хроничниот стрес, социјалната изолација, анксиозноста, депресијата и некои лекарства (орални контрацептиви).
Tumblr media
Наследен фактор
Доколку во вашето потесно семејство, блиски роднини имале корнарна срцева болест или срцев удар на возраст под 55 години за мажи (пр. тактко, брат) и под 65 години за жени (пр. мајка, сестра) , вие имате поголем ризик за појава на кардиоваскуларна болест.
Доколку и двата ваши родители имале срцево заболување пред 55 година, вие имате 50% поголем ризик за појава од срцево заболување, отколку општата популација.
Но, вие можете да го заштитите вашето срце отстранувајќи ги ризик факторите, бидејќи освен наследен фактор потребен е и друг ризик фактор за појава на срцево заболување.
Tumblr media
Возраст
Со стареењето се зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести. Над 55 година, за секоја декада се дуплира ризикот за појава на мозочен удар.
Tumblr media
Пол
Мажите имаат поголем рзик за појава на кардиоваскуларна болест отколку жена пред менопауза. Но жените кои се во менопауза имаат ист ризик со мажите.
Tumblr media
Етничко потекло
Луѓето со потекло од Африка или Азија имаат поголем ризик да добијат кардиоваскуларна болест.
Tumblr media
Тутун
Тутунот без разлика дали се пуши или џвака го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести. Ризикот е специјално висок ако пушењето на цигари е почнато од рана возраст, ако се пуши премногу или доколку станува збор за женски пол.
Пушењето за 100% го зголемува ризикот од мозочен удар, коронарна срцева болест и импотенција. Пушењето го зголемува ризикот за смртност од недијагностицирана срцева болест за 300%.
Прекинувањето со пушење го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести значително, без разлика колку долго или многу сте пушеле. 
Пушењето:
-          го оштетува ендотелот на крвните садови
-          го зголемува наталожувањето на масни наслаги
-          го зголемува згрутчувањето на крвта
-          го зголемува LDL холестерол
-          го намалува HDL холестерол
-          предизвикува спазам на коронарните артерии
-          никотинот го забрзува пулсот и крвниот притисок
Tumblr media
Алкохол
Вино 100-200 ml дневно го намалува ризикот за кардиоваскуларни болести за 30%, но над оваа количина, алкохолот го оштетува срцевиот мускул.
Tumblr media
Исхрана
Храната е онаа која може да се промени, а таа е она која делува и на остантите ризик фактори за појава на кардиоваскуларна болест.
Tumblr media
Масти
Исхраната богата со заситени и танс масти го зголемува ризикот за кардиоваскуларни болести, преку зголемување на холестеролот во крвта, што доведува до атеросклероза.
Исхраната богата со овошје, зеленчук, со малку заситени масти, во споредба со типичната исхрана во развиениот свет, го намалува ризикот за кардиоваскуларни болести за 73%.
Наспроти нив, незаситените масти, полинезаситените и мононезаситените масти се корисни за здравјето на срцето. Тие се наоѓаат во рибите, јаткастите плодови, семињата и зеленчукот.
Значајно е да се нагласи дека доколку вкупните масти завземаат повеќе од 37% од вкупните калории, тогаш иако мастите се незаситени, го зголемувате ризикот за кардиоваскуларни болести.
Заситените масти не треба да надминуваа 10% од вкупната енергија, а за високо ризични групи не треба да надминува 7% од вкупната енергија.
Tumblr media
Сол
Високиот крвен притисок (хипертензија) е голем ризик фактор за кардиоваскуларни заболувања. Ако вашата исхрана е богата со сол вие ризикувате за појава на хипертензија. Проценето е дека со редукција на внесот на сол на околу 3 грама сол дневно, кај 50% од луѓето ќе се намали потребата за третман на хипертензија. Со истото намалување ќе се намали бројот на смртност од мозочен удар за 22% и бројот на смртност од коронарни срцеви заболувања за 16%. 
Tumblr media
Овошје и зеленчук
Јадењето на храна богата со свежо овошје и зеленчук го штити вашето срце.
Tumblr media
Интегрални жита
Интегралните жита содржат фолна киселина, Б витамини и растителни влакна, сите битни протектори од срцеви заболувања.
Tumblr media
Риба
Во земјите каде конзумирањето на риби е високо, таму има намален ризики од смртност од сите причини, како и од кардиоваскуларни причини.
Tumblr media
Јаткасти плодови
Редовното јадење на јаткасти плодови е поврзано со намален ризик на коронарни срцеви заболувања.
Tumblr media
Соја
Јадењто на 47 грама протеин од соја дневно доведува до 9% пад на вкупниот холестерол и 13% редукција на LDL холестеролот.
Tumblr media
Физичка активност
Физичката неактивност го зголемува ризик факторот за кардиоваскуларни болести за 50%.
СЗО проценува дека повеќе од 60% од целата популација не е доволно активна.
Tumblr media
Физичкита активност го продоложува животот, без разлика на наследните фактори. Физичката активност, на било која возраст, штити од хронични здравствени проблеми вклучивајќи ги и кардиоваскуларните болести.
Физичката активност ве штити преку регулирање на телесната тежина и подобрување на искористување на инсулинот. Активноста е корисна за крвниот притисок, нивото на липидите во крвта, нивото на глукозата во крвта, крвните фактори за коагулација, здравјето на крвните садови и воспалението како моќен промотор на кардиоваскуларни заболувања.
Студиите покажуваат дека повеќе од 2 часа и 30 минути од умерени физички активности или 1 час поинтензивни физички активности секоја недела ќе го намалат ризикот за коронарни срцеви заболувања за 30%.
Tumblr media
Висок крвен притисок
Хипертензијата може да биде превенирана и успешно да се третира, доколку е дијагностицирана и доколку се држи до планот за нејзин третман.
Хипертензијата ги оптоварува крвните садови, предизвикувајќи ги да се затнат или ослабат. Хипертензијата може да доведе до атеросклероза и намалување на еластичноста на крвните садови. 
Иако покачениот крвен притисок е дел од стареењето, здрава исхрана со помалку сол, физички активности и оджување на оптимална телесна тежина може да го намали ризикот за негово појавување.
Солта е значаен фактор во зголемување на крвниот притисок кај луѓе со хипертензија и кај луѓе со нормален крвен притисок. Ако имате прекумерна телесна тежина, тогаш зголемен внес на сол ќе го зголеми ризикот од појава на кардиоваскуларно заболување.
Tumblr media
Висок холестерол
Високото ниво на масноти, високиот вкупен холестерол, високото ниво на триглицериди, високото ниво на LDL (липопротеините со мала густина) холестерол или ниското ниво на HDL (липопротеините со висока густина) холестерол. Промената на начинот на исхрана, физичката активност и лекарствата можат да го променат профилот на маснотиите во крвта. 
Човечкото тело создава холестерол и го прима преку храната од животинско потекло (месо, млеко, јајца). Исто така може да создава холестерол и од храна што не содржи холестерол како од кокосовото и од палминото масло, така и од транс мастите (помфрит, торти, колачи). Холестеролот е потребен за создавање на клеточните мембрани на секоја клетка и за синтезата на некои хормони.
Холестеролот се пренесува во човечкото тело преку липопротеини и тоа липопротеини со мала густина (LDL) и липопротеини со голема густина (HDL).
Женскиот хормон естроген го зголемува нивото на HDL холестеролот, па на тој начин делува протективно во однос на кардиоваскуларните заболувања кај предменопаузални жени. 
Европските препораки за маснотии во крвта се: 
Вкупен холестерол: помалку од 5.0 mmol/l
LDL холестерол: 3.0 mmol/l или помалку
HDL холестерол: 1.2 mmol/L или повеќе кај жени, 1.0 mmol/L или повеќе кај мажи
Триглицериди: 1.7 mmol/L или помалку
Tumblr media
Гојазност
Ако имате зголемена телесна тежина имате ризик за развој на хипертензија, дијабет и атеросклероза. Сите овие се ризик фактори за кардиоваскуларни заболувања. 
Можете да определите дали сте гојазни преку: обемот на струкот, односот на обемот на стуркот и обемот на колковите и врската измеѓу висината и тежината (индекс на телесна маса). 
Маж со обем на стук од 94-101 cm има зголемен ризик за појава на кардиоваскуларно заболување, со над 102 cm висок ризик, а за маж од азиско потекло се смета дека има висок ризик за појава на кардиоваскуларно заболување доколку има има обем на струк поголем од 90 цм. 
Жена со обем на стук од 80-87 cm има зголемен ризик за појава на кардиоваскуларно заболување, со над 88 cm висок ризик, а за жена од азиско потекло се смета дека има висок ризик за појава на кардиоваскуларно заболување доколку има обем на струк поголем од 80 cm. 
Со индекс на телесна маса 25 човекот се категоризира во категоријата на луѓе со зголемена телесна тежина. Човек со потекло од Јужна Азија се категоризира во истата категорија со индекс на телесна маса поголем од 22. Доколку станува збор за жена, индекс на телесна маса поголем од 21 може да има неповолен ефект на здравјето на срцето. 
Со индекс на телесна тежина поголем од 30, човекот спаѓа во категорија на гојазни и има сериозен ризк за појава на кардиоваскуларно заболување. 
Статистиката покажува дека 58% од оние кои имаа дијабетес и 21% од оние кои имаат исхемичко срцево заболување се како резултат на индекс на телесна маса поголем од 21.
Tumblr media
Дијабетес
Дијабетесот е голем ризик фактор за кардиоваскуларни болести. Доколку имате дијабетес двојно е поголема шансата да развите некоја кардиоваскуларна болест, за разлика од оној кој нема. 
Неконтролираниот дијабет, предизвикува оштетување на крвните садови правејќи ги поподложни на оштетувања од атеросклероза и хипертензија. Луѓето со дијабет развиваат атеросклероза на помлада возраст и  потешка форма на атеросклероза за разлика од оние луѓе кои немаат дијабетес. 
Хипертензијата е двојно почеста кај луѓе кои имаат дијабет за разлика од оние кои имаат нормална количина на глукоза во крвта. Луѓето кои имаат дијабетес имаат поголема шанса да добијат срцев или мозочен удар, за разлика од оние кои немаат. 
Доколку сте жена, дијабетесот го поништува протективниот ефект од естрогенот и ризик факторот за кардиоваскуларни болести се зголемува.
Tumblr media
Стрес
Живеењето стресен живот може да предизвика луѓето да стекнат лоши навики, како лоша исхрана, пушење и пиење, кои се пак ризик фактори за кардиоваскуларни заболувања.
Но и самиот стрес го менува начинот на кој телото реагира и предизвикува промени во крвта и нервниот систем, што пак негативно се одразува на здравјето на срцето.
Акутниот стрес предизвикува редукција на крвотокот на срцето, предизвикува аритмии и го зголемува згрутчувањето на крвта. Се ова може да допринесе до кардиоваскуларно заболување.
Tumblr media
Затоа, изберете здрава храна и здрав начин на живот и ќе бидете без кардиоваскуларни грижи!
Магистар по фармација Тања Велјановска
*Содржината на текстот е од информативен карактер и не е наменета за дијагностицирање или лекување. За вашата здравствена состојба консултирајте се со вашиот лекар.
Референци:
1. Морталитетот во 2009 година, зголемен за 0.4% во однос на 2008 година, Државен завод за статистика на Република Македонија, http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?id=7&rbr=94
2. Морталитетот во Република Македонија, по општини, во 2010 година, Државен завод за статистика на Република Македонија, http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?id=7&rbr=441
3. Морталитет во Република Македонија, по општини, 2011 година, Државен завод за статистика на Република Македонија, http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?id=7&rbr=761
4. Морталитетот во Република Македонија, по општини, 2012, Државен завод за статистика на Република Македонија, http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?id=7&rbr=1082
5. Морталитетот во Република Македонија, по општини, 2013, Државен завод за статистика на Република Македонија, http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?id=7&rbr=1411
6. Морталитетот во Република Македонија, во 2014, Државен завод за статистика на Република Македонија, http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?id=7&rbr=1726
7. Морталитетот во Република Македонија, во 2015, Државен завод за статистика на Република Македонија, http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?id=7&rbr=2029
0 notes
gostivarpress · 2 years
Text
Едукација и совети против дијабет за повозрасната популација во Гостивар
Едукација и совети против дијабет за повозрасната популација во Гостивар
Општинската организација на Црвениот крст во Гостивар периодов организира информативни работилници чија цел е подигнување на свеста за превенција и навремено дијагностицирање на дијабетес кај постарата популација. Изминатите два дена во просториите на Црвен крст се одржаа две од планираните три вакви настани на кои учествуваа четириесетина граѓани над 60 годишна возраст. „Учесниците беа…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
bregalnicki · 2 years
Text
Придобивките од наставата во природа
Придобивките од наставата во природа
Наставниците треба да ги мотивирани и да ги охрабриме учениците да излезат надвор, да уживаат и да се поврзат со природната средина. Истражувањата покажуваат дека да се биде надвор и да се поврзе со природата може да има многу придобивки, вклучувајќи: – можности за зголемување на физичката активност; – сопречување на дебелеењето – гојазноста и дијабетес ; – спречување на недостаток на витамин…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
catwoman-studio · 3 years
Link
Бог нема ништа са вакцинацијом деце. Он их ствара савршеним и са природним имунитетом. Православна вера, не одобрава вакцину смућкану од... непознатих састојака и неће вам се мешати у вашу савест. Џаба што проналазите интернет мудраце који вам говоре да је ваша беба добила галопирајући дијабетес, аутизам, алергије или не дај боже нешто горе – зато што се ви не сећате да сте имали гадне проблеме у трудноћи, п�� је то од тога! Џаба вам је и насмешена струка која се облизује на сваку дозицу која им је плаћена по глави – ваше бебе! Ни они вас неће утешити са све Хипократовом заклетвом коју су окачили о клин где и своју диплому. Не, не што вам неће потписати гаранцију на безбедност вакцине, него ћете ви. Као што је само ваша, тј глава ваше бебе у торби. Њихова сигурно не! Напротив! Они ће имати шта да носе — код фризера.
0 notes
profesorkamaja · 7 years
Text
ПСИХОСОМАТСКЕ БОЛЕСТИ
Термин психосоматске болести означава телесне (соматске) болести које за један од узрока имају стрес. Раније се сматрало да напетост и анксиозност изазивају телесне болести код једне категорије људи ( неуротичара).Такође, мислило се да је стрес, напетост, анксиозност јесу један од узрока мањег броја болести: дијабетес, хипретензија, астма.
Данас се зна да је стрес један од узрока настанка било које  телесне болести.
Механизам утицаја стреса објашњен је преко деловања хормона који се појачано луче у стресу.
У стању стреса долази до Појачаног лучења адреналина. Адреналин снажно делује на кардиоваскуларни систем: сужава крве судове, повећава крвни притисак, убрзава рад срца. Такође, повишава шећер у крви, убрзава све системе органа, осим дигестивног. Ове промене су акутне и реверзибилне, по престанку деловања адреналина функционисање организма враћа се у нормалне вредности.
Међутим, пролонгирани и чести стрес доводи до неповратних промена на крвним судовима- артеросклеротичних промена. Ове промене су директно повезане са настанком кардиоваскуларних болести: хипертензија, инфаркт срца, ангина пекторис, церебралн инзулти…
Са друге стране, одмах по лучењу адреналина организам почиње да лучи кортизол( кортикостероид), који враћа функције организма на нормалу- нормализује рад срца, крви притисак, глукозу у крви…Суштина деловања кортизола је да заштити организам од преоптерећења. У првом моменту деловања кортизола све функције заиста функционишу боље. Имуни систем организма ради ефикасније. Међутим, ово побољшање је краткотрајно. Продужено и често деловање кортизола ремети рад имуниг система. Имуни систем игра уогу у настанку многих болести: леукемија, малигне болести, болести дигестивног тракта, артритис, астма, дијабетес…
Која ће се болест појавити код појединца зависи од слабости појединих система органа, отказаће најслабија карика. Слбост органа може бити наслеђена или стечена. Зато је неопходно посветити посебну пажњу борби са стресом.
4 notes · View notes
biologijakp · 5 years
Text
Светски дан борбе против дијабетеса
Светски дан борбе против дијабетеса
Дијабетес је у Србији пети узрок умирања и на петом месту по оптерећењу болестима. Процењује се да више од 700.000 људи има шећерну болест. У свету – свака 11. особа има дијабетес. Процењује се да ће до 2040. године ту хроничну болест имати око 642 милиона људи.
Tumblr media
Умор, појачано мокрење, претерана жеђ – само су неки од симптома који могу да укажу да имате проблем са нивоом шећера у крви.
Ум…
View On WordPress
0 notes
palankaonline · 5 years
Photo
Tumblr media
14. НОВЕМБАР-СВЕТСКИ ДАН БОРБЕ ПРОТИВ ШЕЋЕРНЕ БОЛЕСТИ https://ift.tt/2Qhy9wV Светски дан дијабетеса (World Diabetes Day) је кампања са циљем скретања пажње на проблем дијабетеса у свету. Обележава се сваке године 14. новембра, на рођендан Фредерика Бантинга, који је са Чарлсом Бестом допринео открићу инсулина 1922. године. Лого Светског дана дијабетеса је плави круг који симболизује јединство глобалне дијабетес заједнице у борби против пандемије дијабетеса. Задње … Nastaviti čitanje https://ift.tt/eA8V8J #СмедеревскаПаланка #Србија #вести #новости #Паланка #Serbia #news #Palanka
0 notes
vaseljenska · 7 years
Text
Седам савета како да сачувате здравље бубрега
Седам савета како да сачувате здравље бубрега http://www.vaseljenska.com/vesti-dana/sedam-saveta-kako-da-sacuvate-zdravlje-bubrega/
0 notes
gostivarpress · 2 years
Text
Новиот лек за дијабетес од типот 2 успешен и во лекувањето дебелина
Новиот лек за дијабетес од типот 2 успешен и во лекувањето дебелина
Лекот за дијабетес од типот 2 „Тирзепатид“ што неодамна беше одобрен во САД, може да помогне во слабењеето на возрасните лица со прекумерна телесна тежина, а немаат дијабетес, покажуваат резултатите на истражување спроведено од меѓународна група научници. Ефектите на медикаментот биле испитувани во период од 72 седмици кај повеќе од 2500 дебели лица кои немале дијабетес. Испитаниците биле…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
dessertnew · 5 years
Text
 Рецепти за дезерт са дијабетиком - топ 3 рецепта за десерт без шећера за пацијенте са шећером у крви
 Рецепти за дезерт са дијабетиком – топ 3 рецепта за десерт без шећера за пацијенте са шећером у крви
Дијабетес је често виђен проблем већ неколико дана. Да бисте га држали под контролом, морате се држати подаље од шећера и масти. То заузврат одузима сву сласт не само из ваше хране већ и из вашег живота. За пацијенте са шећером уводе се различити рецепти за дијабетичке десерте. Они додају неку врсту слаткоће у њихов живот.
Пудинг од бундеве и бундеве
Састојци:
– Паковање мешавина…
View On WordPress
0 notes
vestispalanka · 6 years
Photo
Tumblr media
СВЕТСКИ ДАН БОРБЕ ПРОТИВ ДИЈАБЕТЕСА 2018 Светски дан дијабетеса 14. новембар, представља највећу кампању у свету посвећену дијабетесу. Тема за Светски дан борбе против дијабетеса 2018-2019. године је „Породица и дијабетес“. Кључну улогу у спречавању, смањењу и отклањању фактора ризика за дијабетес тип 2 имају породице. Код 1 од 2 особе које тренутно живе са дијабетесом тип 2 није постављена дијагноза …
Nastaviti čitanje https://ift.tt/2zc8mwO Вести из Смедеревске Паланке
0 notes
palankaonline · 7 years
Link
ЕНЕРГЕТСКА ПИЋА И ЗДРАВЉЕ МЛАДИХ Канцеларија за младе Смед.Паланка: Конзумација енергетских пића чини да млађе генерације (које их највише и конзумирају) имају све веће здравствене проблеме. Ево шта кажу истраживања о веома штетним дејствима ових напитака на организам. Oвде су наведена само нека од њих: – 1. Ментално здравље Тинејџери који испијају енергетска пића имају већи ризик од депресије, док одрасли људи имају више проблема са стресом и незадовољни су квалитетом сна. Ту су и разни други лоши утицаји на ментално здравље. – 2. Оштећења бубрега Висок ниво кофеина у енергетским пићима подстиче бубрежне болести. Кофеин и популарни састојак таурин највећи су узрочници, а ту је и висок крвни притисак. – 3. Дијабетес типа 2 Енергетска пића рапидно увећавају ризик од развоја шећерне болести типа 2, јер велика потрошња кофеина смањује осетљивост на инсулин. Бројна енергетска пића садрже осам пута више кофеина него кафа, а још више забрињава количина шећера у њима. Само једно енергетско пиће садржи око 54 грама шећера, што је дупло више од препорученог дневног уноса, а кад се та количина сабере са другим намирницама које садрже шећер … – 4. Кардиоваскуларни проблеми Потрошња енергетских напитака може да изазове озбиљне срчане проблеме. Кофеин у њима може да узрокује високи крвни притисак, повећану брзину откуцаја срца и срчану палпитацију („лепршавост“ срца). Ова пића повезана су и са срчаним застојем, а у неким случајевима чак и са смрћу. – 5. Ерозија зуба Киселост и високи удео шећера у енергетским пићима изазивају велике проблеме у устима, односно са зубима и зубном шупљином. Изазивају ерозију зуба, као и разлагање њиховог површинског слоја без кога затим долази до преосетљивости и болова. – Наравно, ту је још читав низ директних и индиректних штетних утицаја на здравље.
ЕНЕРГЕТСКА ПИЋА И ЗДРАВЉЕ МЛАДИХ Канцеларија за младе Смед.Паланка: Конзумација енергетских пића чини да млађе генерације (које их највише и конзумирају) имају све веће здравствене проблеме. Ево шта кажу истраживања о веома штетним дејствима ових напитака на организам. Oвде су наведена само нека од њих: – 1. Ментално здравље Тинејџери који испијај�� енергетска пића имају већи ризик од депресије, док …
, via Милан «Паланка на вези» Милошевић - Google+ Posts
0 notes
vaseljenska · 7 years
Text
Бундевом против дијабетеса
Бундевом против дијабетеса http://www.vaseljenska.com/vesti-dana/bundevom-protiv-dijabetesa/
0 notes
gostivarpress · 3 years
Text
МЗ: Пристигнаа ленти за мерење шеќер во крв, почна распределбата
МЗ: Пристигнаа ленти за мерење шеќер во крв, почна распределбата
Поголем дел од количините ленти за мерење шеќер во крв пристигнаа и во тек е нивна распределба почнувајќи од Здравствен дом Скопје, а во текот на утрешниот ден и во другите здравствени домови низ државата, информираа за МИА од Министерството за здравство. Посочуваат дека во континуитет се обезбедуваат потребните количини ленти за мерење шеќер во крвта за пациентите со дијабетес. Изминатите…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
sezahrana · 11 years
Text
Намалете го нивото на шеќер во крвта - рецепти од руската алтернативна медицина
  Дијабетес е една од најраспространетите болести во светот, a oдржувањето на нормалното ниво на шеќерот во крвта е прво најважно правило за секој човек кој страда од оваа болест.
Постојат 3 рецепти од руската алтернативна медицина чиј ефект е докажан и се корисни за намалување на шеќерот во крвта и негово одржување под контрола. Тие се лесни за подготовка и достапни за секој кој има потреба да го намали или одржи нивото на крвниот шеќер.  
Во продолжение прочитајте ги едноставните и пристапни рецепти:
  Рецепт со лук и рен за намалување на крвен шеќер
За овај рецепт потребно е:
корен од рен со должина од околу 20 см и дебелина од околу 2 см
9 чешниња лук
свежо квалитетно пиво
стаклено шише или тегла.
Подготовка: 
Коренот од рен добро измијте го, но не лупете го. Ситно исечкајте го и ставете го во тегла. Лукот излупете го, добро измијте го и исечкајте го, па ставете го во теглата. Добиената смеса полијте ја со свежо пиво во количина од отворот до  стеснувањето на шишето. Потоа поклопете ја теглата со капак и ставете ја во темна просторија да отстои 10 дена. Откако смесата ќе биде готова исцедете ја.  
Начин на употреба: првите 2 дена пијте по 1 лажичка и тоа 2-3 пати на ден, а наредните денови по 1 супена лажица, 3 пати на ден пред јадење.
  Рецепт од овес за намалување на крвен шеќер
Состојки:
50 гр овес
500 мл вода.
Подготовка:
Овесот полијте го 500 мл превриена и оладена вода. Смесата ставете ја на тивок оган, оставете ја да зоврие, а потоа нека врие така 10-15 минути. Откако добро ќе изврие садот тргнете го од оган покријте го и оставете го да стои 1 час.
Начин на употреба: 3-4 пати на ден по половина чаша пред јадење. Време на употреба 2 до 3 недели.
  Рецепт за намалување на шеќер во крвта со јајце
Состојки:
1 јајце
сок од 1 лимон.
Подготовка:
Во сад добро изматете го јајцето, а потоа додајте го сокот од лимонот и добро измешајте.
Начин на употреба : Секое утро на празен стомак.
Време на употреба: најмалку 2 недели.
Не заборавајте да ја користите терапијата која е препишана од вашиот доктор . БИДЕТЕ ЗДРАВИ!
Tumblr media
  Извор: uspesnazena.com
  Автори: Елеонора Филипоска
              М-р Катерина Шамбевска
              Дознајте повеќе за авторот
��вторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
0 notes