Посетете ја нашата нова страница sezahrana.mk Тоа е место каде ќе најдете рецепти, совети за исхрана, идеи за декорација на храна...
Don't wanna be here? Send us removal request.
Text
Направете украсен цвет од салфетка
На блогот Design Every Day ја пронајдовме оваа интересна идеја за изработка на украсен цвет од салфетка. Цветовите од салфетка може да ги користите како декорација за детските родендени и забави. Потребни ви се салфетки во две до три бои и забавата може да започне.
Автор: М-р Марија Кочовска Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
#dekoracija na salfetki#lesna dekoracija na salfetka#декорација на салфетки#лесна декорација на салфетка
8 notes
·
View notes
Video
youtube
Изладете лименка пиво или сок за 2 минути
Често пати се случува кога сме жедни и сакаме да се освежиме да немаме ладна пијачка при рака. Но постои трик! Потребно ви само ладна вода и сол. Во сад ставете вода и коцки мраз. Додадете 2 лажички сол и добро измешајте. Ставете ја лименката внатре и за две минути ќе имате ладен пијалак. Поедноставно не може да биде.
Автор: М-р Марија Кочовска Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
2 notes
·
View notes
Text
Украсни велигденски јајца со фил
Пробајте ја оваа разиграна идеја, која мами очи!
Набавете само повеќе прехранбени бои и шприц, па забавата може да започне. Јајцата сварете ги, потоа отстранете им ги жолчките. Белките ставете ги во обоени раствори да добијат боја, а потоа со помош на шприц наполнете ги со фил. Сервирајте и декорирајте ја чинијата по желба.
Извор: joyzz.com
Автор:Катерина
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
2 notes
·
View notes
Text
Домашна маска за убави раце и лице
Направете сами маска за убави раце! Сега можете и дома на природен начин да ја негувате вашата кожа, а третманот е едноставен и лесен за изведување. Лимонот и јогуртот кои се главни состојки во составот, се одговорни за делотворноста на оваа маска за убави раце и гарантираат мекост и нежност која трае.
Ако измешате лимон и јогурт, ќе добиете здрава смеса која ќе ја направи кожата на вашите раце нежна и мека. Освен тоа, комбинацијата на овие две состојки поседува „моќ“ да и даде младолик изглед на кожата, па се препорачува оваа природна маска за убави раце редовно да се користи.
Состојки:
120 мл јогурт
сок од 1 цеден лимон.
Подготовка и начин на употреба
Во сад убаво измешајте ги состојките.
Со добиената смеса намачкајте ги рацете, нежно измасирајте ги и оставете да стои на рацете најмалку 10 минути. Ако го повторувате третманот секој ден, ќе забележите дека природната маска за убави раце ја завршила својата функција и кожата ви е многу помека и понежна од порано.
Исто така, на сличен начин може да си направите и маска за свежо лице. Сѐ што ви е потребно се 10 мл јогурт и сок од половина лимон. Измешајте ги состојките и втријте ја маската на чисто лице. Оставете да стои 5-10 минути, па исплакнете го лицето со млака вода. Кожата на вашето лице после овој треман ќе изгледа посвежо и поздраво.
Автор: Катерина
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
0 notes
Video
youtube
3 начини најлесно да одвоите жолчка од белка
Доколку за време на готвењето имате проблем со одвојување на жолчките од белките, погледнете како Џејми Оливер го прави тоа.
Ќе се уверерите дека одделувањето на жолчките од белките никогаш не било полесно и побрзо, а воедно не се наружува нивниот изглед и не се распарчуваат. Одберете начин кој најповеќе ви се допаѓа и олеснете си ја работата во кујната.
Нема што повеќе да се каже, останува да видите и да споделите со другите!
Автор: М-р Марија Кочовска Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
0 notes
Text
5 лесни начини да го забавите процесот на стареење
Процесот на стареење е природна појава и неможе да се запре. Како што старееме, нашата кожа почнува да ја губи влажноста и станува се повеќе подложни на оштетување. Сепак, постојат неколку природни и лесни начини со кои може да го забавите процесот на стареење и да изгледате млади и свежи.
Овие пет се најприменувани и најдобри:
1. Пијте многу вода Повеќе од 60% од човечкото тело се состои од вода. Пијте шест до осум чаши вода секој ден. Внесувањето на соодветните количини вода во телото не само што помага за подобро функционирање на организмот, исто така има големо влијание врз изгледот на вашата кожа. Знаете за старата поговорка: „Убавината доаѓа одвнатре?". А што се однесува за водата, тоа е навистина така.
2. Намалете го стресот Стресот е голем непријател на здравјето и убавиот изглед, а сепак сите го прифаќаме како нешто нормално и не се обидуваме да го минимизирам. Истражувањата покажуваат дека меѓу другото, тој влијае и на процесот на побрзо стареење. Постојат неколку начини со кои стресот може да се држи под контрола. За почеток започнете со веж��и за дишење, но исто така јогата и медитацијата се многу ефикасни во намалувањето на стресот.
3. Користете овошни маски на лицето Маските од овошје помагаат во регенерирање на колагенот, а со тоа вашата кожа ќе изгледа посвежо и младо.
4. Редовното вежбање Физичката активност е од суштинско значење за непреченото функционирање на телото. Меѓу другото, тоа и помага на вашата кожа да изгледа младо. Ако немате навика да одете на трчање, за почеток добро би било да започнете со редовно пешачење.
5. Правилната исхрана Исхраната богата со овошје и зеленчук ќе ви помогне да изгледате и да се чувствуваа�� одлично. Овошјето и зеленчукот содржат многу антиоксиданси кои помагаат во борбата против слободните радикали. Исфрлете ги рафинираните јагленихидрати, шеќери и газирани пијалаци од вашата исхрана бидејќи тие докажано го нарушуваат изгледот на вашата кожа и здравје.
Автор: Марина Иваноска Ружиновска
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
1 note
·
View note
Video
youtube
Направи сам - Гарнир брановидна краставица
Овој гарнир се прави навистина лесно, но ако знаете како правилно да го изведите ќе добиете и одличен резултат. Овој гарнир можете да го користите како декорација на салата, дополнување на чинија со сервирано главно јадење или за декорација на ордевери.
Потребна ви е права краставица, нож кој добро сече и 6 чепкалки за заби, по 3 од секоја страна. Сечете ја краставицата попречно под агол од 45 степени, измерете парчиња од 12-15 см, а потоа пресечете ја ги на половина. Поставете ги чепкалките и исечете тенки резови, но не до крај. На крај, само раширете ги резанките под агол и уживајте во резултатот.
Автор: Катерина
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
1 note
·
View note
Text
Кремаст ванила колач
Состојки:
8 јајца
16 лажици шеќер
6 лажици брашно
4 лажици гриз
2 лажици какао
1 пециво
Фил:
1л млеко
2 кесички пудинг од ванила
4 лажици нишесте
200гр шеќер
1 кесичка шлаг пена
200гр маргарин
200гр шеќер во прав
100гр бело млечно чоколадо.
Подготовка:
Јајцата се матат со шеќерот додека се добие густа пенеста маса. Постепено со лажица се додава брашното измешано со печивото и со гризот.
На крај се додава какаото и се промешува со лажица.
Смесата се дели на половина и се печат 2 кори во плех бр 40, обложен со пекарска хартија.
Потоа се подготвува филот. Се вари густ крем во зашеќереното млеко од пудинзите и нишестето.
Откако ќе се излади, кон кремот се додава изматениот маргарин со шеќерот во прав.
Филот убаво се соединува, па се додава изматениот шлаг и растопената чоколада.
Убаво се мати и се добива густ мазен крем со прекрасен вкус.
Се зема една кора, се попрскува со чоколадно млеко, па се нанесува од филот, патоа се става втората кора и вториот дел од филот.
Одозгора може да се стави шлаг крем, а може да направите и декорацијата по свој вкус.
Автор: Даниела Џогова
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
4 notes
·
View notes
Text
Мафини со јаболка и цимет
Состојки:
2 помали зелени јаболка
1 јајце
100 гр шеќер
80 мл масло
150 мл сок одјаболко
240 гр брашно
½ ќесичка прашок печиво
1 ќесичка ванила
по желба цимет
Подготовка:
Во длабок сад ставете го јајцето и шеќерот. Со жица за матење убаво изматете го јајцето со шеќерот. Потоа додајте ги маслото, сокот од јаболка и пак промешајте ја смесата.
Прашокот ��а печиво измешајте го со брашното и постепено додајте го во смесата. На крај додајте ги јаболката изрендани на тенки ленти и циметот. Убаво измешајте ја смесата .
Калапот за мафини премачкајте го со масло и во секоја празнина ставете од смесата.
Мафините печете ги во загреена рерна на 180 степени, за време од 15 до 17 минути.
Автор: Катерина Милошевска Глигороска
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
2 notes
·
View notes
Text
5 пијалаци кои го забрзуваат губењето на вишокот килограми
Тајната за губењето на вишокот килограми не се состои само од придржувањето кон одредена диета со храна, исто така тоа зависи и од она што го пиете. Популарните безалкохолни пијалаци, како што се овошните сокови, газирани и енергетски пијалаци содржат големи количини на шеќер и јагленихидрати кои никако не ви одат во прилог на вашата упорност да намалите некој килограм за да ја добиете посакуваната тежина. Доколку не сакате да се соочите со дополнителни проблеми и цврсто сте решени да слабеете, тогаш ви препорачуваме да ги консумирате следниве пијалаци, а тие освен што не содржи празни калории, дополнително може да ви помогнат да го забрзате процесот на слабеење и што поскоро да ја добиете посакуваната фигура. 1. Вода Водата е најдобар пијалак за ефикасно губење на вишокот тежина. Без оглед на тоа дали е изворска или минерална, таа секогаш треба да ви биде прв избор на пијалак. За да нема едноличен единствен вкус, може во една чаша вода да додадете парче лимон или краставица и таа ќе добие сосема нов вкус. Се разбира, бројот на калории се уште ќе биде нула. 2. Сок од зеленчук Сокот од зеленчук е одличен начин за да го обезбедите организмот со потребните влакна и да го забрзате процесот на слабеење. Тој ќе ве засити и нема да почувствувате глад одредено време, а најдобро е да се пие помеѓу оброците. Се разбира добро би било да го подготвувате сами, бидејќи фабричките зеленчукови сокови содржат сол, шеќер и конзерванси. 3. Незасладен чај Зелениот чај е докажан пијалак кој го подобрува метаболизмот и го забрзува процесот на елиминирање на вишокот килограми. Покрај него, многу ефикасен е и црниот чај. Тој содржи голема количина на антиоксиданси кои му помагаат на телото да се ослободи од отровите. Исто така, чајот од нане е многу добар бидејќи тој го подобрува процесот на варење на храната. Најдобро е да го пиете по оброкот.
4. Црно кафе Утринската или попладневната шолја кафе може да го поттикне губење на килограмите, бидејќи кофеинот кој го содржи може да го потисне чувството на глад. Истражувањата покажуваат дека кафето ја стимулира термогенезата, која го загрева телото и го забрзува согорувањето на калории. Бидете внимателни што и колку додатоци додавате во кафето. Ако морате, тогаш додадете обезмастено млеко и минимални количини кафеав шеќер. 5. Обезмастено млеко Млекото е одличен извор на протеини, витамин Д и калциум, кои помагаат да се изгради мускулна маса и да се зачува здравјето на коските. Изберете обезмастено или полу-обезмастено млеко, за да го снабдите вашиот организам со веќе споменатите хранливи материи, и со минимални количини на масти. Една чаша млеко помеѓу оброците е одличен избор за ужина која ќе ве засити до следниот оброк.
Автор: Марина Иваноска Ружиновска
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
2 notes
·
View notes
Text
Направи сам - Топ 10 стилски декорации за Велигден
На страната topinspired.com најдовме 10 навистина инспиративни и потполно иновативни стилски декорации за домот за време на Велигденските празници. Погледнете ги предлог идеите и изберете некоја по свој вкус. За што и да се одлучите нема да згрешите!
Автор: Катерина
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
2 notes
·
View notes
Text
Интегрален козињак - плетенка со семиња
Состојки:
Тесто:
250 гр интегрално брашно
250 гр бело брашно
1/2 коцка свеж квасец
1 лажиче сол
300-350 мл топла вода.
Мешавина од семиња:
40 гр сечкани ореви
1 лажица сусам
1 лажица семки од сончоглед
1 лажица ленено семе
1 лажица семе од афион.
Подготовка:
Во сад за месење ставете ги брашната, квасецот претходно изронат или растворен во малку вода и солта.
Постепено додавајте ја водата. Замесете средно меко и не лепливо тесто. Покријте го и оставете го да надојди, околу 45 минути.
Во чинија ставете ги сите семиња и измешајте ги.
Откако ќе стаса тестото поделете го на 3 дела.
Секој дел развлечете го во долгунести форми (за ��а може да формирате плетенка - козињак).
Одозгора по средината во должина засечете ги со ноже и малку раширете ги. Ставете од семињата и повторно затворете ги со притискање со прстите за да се залепат.
Малку од семките оставете и за одозгора на плетенката.
Кога се готови сплете ја плетенката и префрлете ја во плех со хартија. Премачкајте ја со топла вода и посипете ја со остатокот од семиња. Со прстите малку притиснете ги да се залепат.
Оставете ја да кисне 40 минути и потоа печете во загреана рерна на 180 степени околу 45 минути.
Покриена со фолија и крпа оставете ја да се излади.
Автор:Невена Ѓероска
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
3 notes
·
View notes
Text
4 начини за најефикасно да отстраните дамки од масло од облеката
Воопшто не е необично, а доста често се случува за време на готвењето некоја капка масло да „стигне“ до вашата облека. Што треба да направите? Најпрво треба да знаете дека дамките од масло реагираат поинаку на детергентите кои секојдневно се употребуваат за перење на облеката.
Топла вода и средство за чистење
Доколку ви се случи да се прснете или накапите со маслиново, сончогледово или масло од косос дојде во контакт со вашата облека, најдобро е дамката да ја елиминирате веднаш со помош на топла вода и одреден производ за чистење.
Кујнска хартија или тоалетна хартија
Мрснотијата може да ја соберете веднаш со кујнска или тоалетна хартија, а најдобро е таа да биде бела, бидејќи може да се случи нејзината боја да се пренесе врз облеката.
Во случај да не сте успеале овие совети да ги примените веднаш, следните методи можат да ви помогнат во отстранувањето на дамките неколку часа подоцна откако настанале.
Сода бикарбона или пченкарен скроб
Врз дамката нанесе
бона може да користите пченкарен скроб. Оставете ја содата да делува околу еден час. Како што ќе го впива маслото, содата ќе добива поинаква (потемна) боја. Со помош на кредитна или друг пластифициран уред отстранете ја содата од облеката. Кога станува збор за поголема дамка, по отстранувањето на првиот слој сода бикарбона, посипете уште еден слој. Повторувајте ја постапката додека содата не престане да ја менува бојата.
Детергент за миење садови како „пред перење“
Навлажнете ја облеката со вода, а потоа ставете од детергентот. Тријте додека не се појави пена. Пожелно е со помош на стара четкичка за заби да истриете врз детергентот за да може да навлезе што подлабоко во мрснотијата, а доколку дамката е сеуште отпорна ставете малку киселина. Облеката перете ја со што повисока дозволена температура за тој материјал бидејќи тоа придонесува за побрзо отстранување на дамките.
Автор: Катерина
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
2 notes
·
View notes
Text
Брзи детски колачи
Ова се колачи кои брзо се прават и од состојки кои секогаш ни се наоѓаат дома. Вкусни се и одлични за со млеко или кафе, а може и да послужат како замена за бисквити во детски оброк.
Состојки:
2 јајца
2 филџани (од 125 мл) шеќер
2 филџани масло
1/2 филџан млеко
1 ќесичка прашок за печиво
1 ќесичка ванилин шеќер
450 - 500 гр брашно
За прелив:
200мл млеко
100гр шеќер
100гр кокос.
Подготовка:
Јајцата со шеќерот и маслото се матат со вилушка или жица, па се додаваат млекото, брашното, печивото и ванилата.
Се меси меко и мазно тесто и со помош на шприц или лажичка се прават формички.
Тестото е помеко, па рерната треба да биде загреана пред да се прават формите.
Се печат 15-20 минути на 180 степени.
Преливот се прави млекото и шеќерот се мешаат без загревање.
Колачите се вадат од рерна и уште топли се залеваат. Со лажица полека се става врз секое колаче, а потоа се валка во кокос по желба, но и не мора.
Автор: Даниела Џогова
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
1 note
·
View note
Video
youtube
Маска за лице од куркума против брчки, црвенило, акни и темни кругови
Главната состојка за припрема на оваа маска е куркумата, растение од фамилијата на ѓумбир, кое расте на подрачјето на јужна Азија, каде што се често се користи во исхраната на населението. Куркумата содржи активни состојки кои имаат повеќе од 150 терапевтски дејства во организмот, меѓу кои: таа е аналгетик, антисептик, го зајакнува имунитетот, ги елиминира токсините, го регулира метаболизмот, ја контролира телесната тежина, ја подобрува меморијата, ги намалува триглицеридите, го урамнотежува крвниот притисок.
Куркумата е позната по своите антибактериски својства, па од тука доаѓа и нејзината примена како антисептик. Овој зачин во комбинација со други состојки е одлично решение против брчки, темни кругови околу очите, акни и митесери. Таа е корисна кај лица кои имаат мрсна кожа, така што го регулира производството на себум. Куркумата не само што го изедначува тенот на кожата, таа исто така ја храни и подмладува.
Состојки:
2 лажички куркума
1 лажичка брашно од ориз или леблебии
2 лажички кисело млеко или млеко (за мрсна кожа)
Маслиново, кокосово или бадемово масло (за сува кожа)
½ лажичка мед
Подготовка:
Во мал сад ставете ги куркумата, брашното, киселото млеко и медот. Измешајте ги состојките за да добиете паста. Маската нанесете ја на чисто лице. Не пропуштајте да ставите и под очите, бидејќи куркумата ги намалува темните кругови околу очите. Може да нанесете маска на вратот и деколтето.
Оставете ја маската на вашето лице околу 20 минути и потоа измијте со ладна вода. Исушете го лицето со нежно тапкање со крпа. За да ги забележите ефектите од маската со куркума, практикувајте ја во текот на еден месец. Се препорачува оваа маска да ја нанесете еднаш неделно, а доколку имате многу акни и црнки на лицето, може да ја користите 3 пати во текот на неделата.
Автор: М-р Марија Кочовска Дознајте повеќе за авторот
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
4 notes
·
View notes
Text
15 идеи за Велигденски декорации на домот
Празничното расположение не би било идеално, доколку не го декорираме нашиот дом најдобро што умееме и можеме. Не секогаш се потребни многу пари, а често со малку труд може да си ги направиме деновите поубави. Погледнете ги во продолжение убавите предлози кои ги најдовме на страната homedit.com и започнете со своето Велигденско декорирање на домот.
Автор: Катерина
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
1 note
·
View note
Text
9 практични начини да ја искористите лековита моќ на босилекот
Босилекот се нарекува крал на сите лековити растенија, а пријатната арома која ја поседува е одлична во различни јадења. Потекнува од тропските земји, како што се Индија и Иран, а со векови се користи во борба против повеќе здравствени проблеми.
Ви предлагаме 10 начини на кои можете да ги искористите предностите на оваа прекрасна билка, 5 од нив укажуваат подетално како може да го користите босилекот како лек, а останатите 5 се однесуваат на употребата босилекот како корисна состојка во храната:
Истолчете шест до седум листови босилек и измешајте ги со една лажичка мед. Секое утро на гладно земајте по една лажица од оваа мешавина, а како резултат на тоа ќе го подобрите имунитетот и ќе ја намалите хипертензијата.
Сварете една шака листови босилек во еден литар вода. Оставете да отстои 10 минути и процедете го. Пијте го подготвениот чај по половина час од подготовката, додека е топол, голтка по голтка. Вашето грло ќе ви биде благодарно, а ќе почувствувате ослободување како во грлото, така и во стомакот.
Лековитата течност од босилек - чај, може да се користи и на друг начин: ако имате воспаление на кожата или неподносливо чешање, за да се чувствувате благопријатност и привремено да го решите проблемот, натопете ќесичка чај од босилек во вода и нежно тапкајте на болното место.
Прекрасното, етерично масло од босилек помага при олеснување на воспалителни состојби, како што се болки во зглобовите и горушица. Тоа исто така е добро познато по тоа што го изострува умот и го зајакнува нервниот систем.
Нанесете капка етерично масло од босилек на врвот на носот и на слепоочниците, а со тоа брзо ќе го намалите стресот и напнатоста.
Додадете неколку сечкани листови босилек во тестото за леб.
Може да додадете неколку сечкани листови босилек во кајгана, пица или супа. Тоа драматично ќе го подобри мирисот и вкусот на храната.
Одлично би било доколку додадете неколку сечкани листови босилек во ладен чај или летен коктел.
Квалитетните ��кусни сензации на босилекот можете да ги додавате речиси во сите летни салати со (домати, краставици, итн), како и во салати со пилешко и риба. Пробајте, убедени сме дека ќе ви се допадне.
Автор: Марина Иваноска Ружиновска
Авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели или/и реемитување
1 note
·
View note