#странски јазик
Explore tagged Tumblr posts
Text
Совети и трикови за да го искористите максимумот од ChatGPT (Macedonian)
За да добиете висококвалитетни одговори од ChatGPT, има неколку совети што можете да ги следите. Користете ги овие совети за да уживате во најдоброто ChatGPT искуство:
Користете „###“ за да одвоите повеќе услови во вашите упатства: Со поставување прашања како примерот подолу, ChatGPT може соодветно да го обработи вашето барање и да генерира корисни и точни одговори.
Услови
10 реченици, секоја под 150 знаци Лесно разбирливо за средношколците
Прашање
Методи за учење странски јазици користејќи ChatGPT
2.Поставувајте прашања на англиски: Поставувањето прашања на англиски јазик е оптимално од овие причини: Податоци за обука: ChatGPT главно се обучува на англиски текст, така што прашувањето на англиски му олеснува на моделот да разбере и да даде попрецизни одговори. Обилно знаење: Моделот има пристап до мноштво информации за англиски прашања, што може да резултира со попрецизни и подетални одговори. Намалена двосмисленост: Прашањето на англиски ја намалува двосмисленоста и недоразбирањата поврзани со јазикот, зголемувајќи ја веројатноста моделот точно да го разбере вашето прашање.
Наведете дека сакате само точни информации: Кога поставувате прашање, наложете му на ChatGPT да обезбеди само точни информации. Без оваа инструкција, ChatGPT може да генерира фабрикувани одговори.
Како ги најдовте овие совети? Обидете се да ги користите за да уживате во непречено искуство во ChatGPT.
macedonian #chatgpt
0 notes
Text
Јазичен мит: „Јазикот ни е сиромашен“
„Едноставно немаме доволно зборови на македонски, таков ни е јазикот, сиромашен...“
„Англискиот е најбогатиот јазик на светот, на англиски има збор за сѐ!“
Сите сме ги чуле ваквите ставови кон јазикот, без оглед дали се работи за нашиот мајчин или за некој странски јазик. Тие се најчесто изразени во комбинација со чувство на немоќ или, во обратниот случај, надмоќ. Но дали може објективно да се каже дека некои јазици се побогати од другите?
Човековиот јазик служи за изразување на тоа што го мислиме и чувствуваме на начин што е разбирлив и за другите луѓе, па затоа овозможува комуникација и пренесување информации. Од ова следува дека секој човеков јазик има потенцијал да изрази сѐ што им е потребно на неговите зборувачи. Јазиците се разликуваат во многу аспекти и секој јазик има свои особености во однос на начинот на кој се изразуваат различни концепти, меѓутоа значењето на тоа што е искажано секогаш може да се пренесе од еден јазик на друг. Еве еден пример што често го слушаме: англискиот збор uncle покрива три значења што ги разликуваме во македонскиот јазик: чичко/стрико, вујко и тетин. Но, тоа што за вујко не постои единствен збор на англиски јазик, не значи дека не може да се преведе, туку само дека мора да се искористи описен превод (на пр. my mother’s brother или my uncle on my mother’s side). Сѐ што е кажано на еден јазик може да се изрази и на друг, иако можеби за тоа ќе бидат потребни повеќе зборови и описи.
Ставот дека некој јазик е сам по себе подобар од останатите јазици не е нешто што може да се поткрепи со научни факти, па затоа во лингвистиката не ги споредуваме јазиците на таков начин. Секако, сите имаме субјективни чувства и ставови кон различните јазици, па може да кажеме дека нам лично најубаво ни звучи одреден јазик, но нема смисла да тврдиме дека тој е објективно најубав.
Некои работи поврзани со јазикот може да се мерат и да се споредуваат, но ниеден јазик нема поголема апсолутна вредност од кој било друг. Може, на пример, да кажеме дека некој јазик се смета за покорисен од другите во рамки на одредено општество и во дадена ера, ако се работи за јазикот што го зборува мнозинств��то или, пак, за службениот јазик. Може да се споредува бројот на гласови (согласки и самогласки), бројот на зборувачи (како мајчин и како странски јазик), па дури и бројот на зборови – иако претставува предизвик да се определи точниот број на зборови во еден јазик (на пример, ако некој збор го користат само сто луѓе, дали треба да го броиме како збор во јазикот?). Фондот на зборови во јазикот зависи и од тоа колку содржини се создаваат на тој јазик (книги, научни и новинарски статии, телевизиски и радиоемисии итн.), бидејќи секогаш кога се зборува и пишува на нови теми мора да настанат и да се изнајдат нови зборови и термини. Затоа не е изненадувачки фактот дека на англиски постои терминологија во секоја современа област, бидејќи на овој јазик најмногу се создава и издава. Ова не значи дека англискиот јазик е супериорен во однос на другите; всушност секој јазик како средство за комуникација има неограничен потенцијал за изразување, но колку од тој потенцијал ќе се оствари зависи од неговите зборувачи.
Да направиме една кратка споредба помеѓу два сродни, а различни јазика: македонски и словенечки. Некој можеби би помислил дека македонскиот јазик е „посиромашен“ од словенечкиот бидејќи именките во македонскиот не се менуваат по падежи, додека словенечкиот е „богат“ бидејќи има шест падежи. Освен тоа, во словенечкиот постои и трет граматички број покрај еднината и множината (наречен двоина)! Меѓутоа, иако македонските именки имаат само еднина и множина и немаат посебни падежни форми, кај нив се наоѓа нешто што словенечките именки го немаат, а тоа е определениот член. Покрај тоа, македонскиот јазик е многу „богат“ со глаголски времиња, додека во словенечкиот постојат четири од кои само три се во секојдневна употреба. Вакви споредби може да се прават помеѓу многу различни јазици и секогаш се доаѓа до истиот заклучок: тоа што еден јазик го изразува поедноставно на едно поле, го надоместува со други посложени структури на друго поле.
За крај, важно е да се запомни дека јазичното „богатство“ не е јазична категорија, туку само личен став. Кога во лингвистиката се прави споредба помеѓу два јазика, научно и објективно се разгледуваат нивните особини и секогаш во даден контекст, но без субјективно да се вреднува кој јазик е „подобар“ од другиот.
#јазик#лингвистика#јазичен мит#македонски#македонски јазик#англиски#словенечки#роднински врски#систем за комуникација#гласовен систем#број на зборувачи#фонд на зборови#мајчин јазик#странски јазик#споредба#падежи#глаголски времиња#граматички број#определен член
13 notes
·
View notes
Text
Aвгустовски испитен рок од државната матура
Aвгустовски испитен рок од државната матура
Матурантите во учебната 2021/2022 година кои во јунската испитна сесија не ја положија државната матура или не во целост, двата екстерни испита во августовскиот испитен рок ќе ги полагаат денеска и во петок (12 август). Првиот екстерен (задолжителен) испит е за мајчин јазик (македонски, албански или турски јазик) и литература, а вториот екстерен испит е изборен од предметите: математика, странски…
View On WordPress
0 notes
Text
За НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид изминатата 2019 година е една од најплодните и најуспешните во поглед на програмските активности, промоциите, соработките и отвореноста кон читателите и посетителите со близу 80 настани.
Патрониот ден на библиотеката беше одбележан со манифестацијата „Прличеви беседи“ во чии рамки беше одржан портрет на писателот и поет Видое Видически. Во таа пригода Видически беше прогласен за почесен член на Библиотеката, беше прикажан видео – проект „Од животот на Прличев“ од авторот м-р Милчо Јованоски, вработен во библиотеката. Во чест на Прличев во библитоеката претходно се одржа промоција на монографијата за „Поетска ноќ во Велестово“ од Славе Ѓорѓо Димоски. Промотор беше проф. д-р Димитар Пандев, а организатор на настанот општина Охрид.
Минатата година библиотеката ја продоложи соработката со почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. Заедно се одбележаа:182 годишнината од смртта и 220 годишнината од раѓањето на големиот руски писател и поет Александар С. Пушкин, 150-години од откривањето на Периодниот систем на хемиските елементи од страна на рускиот научник Дмитриј Менделеев, д-р Ана Комарова одржа предавање за Свети Јован Шангајски и Сан Франциски, чудотворец и голем подвижник од 20 век, како и креативни работилници за деца, посветена на 8 Март и Нова година.
Библиотеката заедно со Општина Охрид одбележаа „185 години од раѓањето и 110 години од смртта на Кузман Шапкарев“. Факти за животот и делото на Шапкарев изнесе Татјана Дурнева, професор по македонски јазик и книжевност а на тема: „Журналистичката и публицистичка дејност на Кузман Шапкарев“ беседеше д-р Томе Груевски. На свечен начин беа одбележани јубилеите: 60 години живот и 40 години од излегувањето на првата книга “Гравири “ од Славе Ѓорѓо Димоски и беше прогласен за почесен член на библиотеката и 100 години од раѓањето на писателот Димче Маленко. Постхумно Маленко беше прогласен за почесен член на библиотеката. Достојно го одбележавме и Денот на патронот на Охрид- Св. Климент Охридски, со пригодна реч на проф. Татјана Дурнева, фото презентација: „Св. Климент Охридски и Охрид“ и изложба на книги посветени на словенската писменост: „Од Светите браќа Кирил и Методиј до Св. Климент и Св. Наум Охридски“. Беше промовирана трилогијата за Охрид ( книги со фотографии од градот од минатото до денес ) со осврт на последната: „Охрид, враќање во минатото“ од почесниот член на библиотеката, Академик Миле Миќуновиќ,а писателот Коста Фортомар од Охрид беше прогласен за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“.
Во годината зад нас во библиотеката беа организирани осум промоции на книги од авторите: Ана Цветаноска, Златомир Јовановиќ од Србија, Смиле Наумоски – Брсјак, Ило Кафеџиоски – Кафе, Славе Николоски – Катин, Миле Миќуновиќ, Вера М. Самарјанин и Гоце Џулески.
Беше продолжена и традицијата секој месец да се поставува изложба на книги од роднокрајни автори по повод нивните родендени, водејќи сметка и за надополнување на листата.
Во пресерет на 8 Март во библиотеката жени – поети членки на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца и членки на програмата „Грижа за стари лица“ при Црвен крст – Охрид читаа свои творби и творби посветени за жената и убавината кои ним им се посебно драги.
Лани, Светскиот ден на поезијата беше по втор пат одбележан во култната кафетерија „Аквариус“ со настанот „Напиши стих – купи кафе“. На пригоден начин беа одбележани и 1 Април – денот на шегата и 2 Април Светскиот ден на литературата за деца, студентите од Факултетот за странски јазици при ФОН и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид заедно ја спроведоа акцијата „Подари – размени книга“. Со нив низ основните училишта од минатиот декември ја отпочнавме соработката под наслов: „Да го поттикнеме говорно – јазичниот развој кај децата, свесноста за изразните можности“ Денот на авторското право 23 април беше одбележан и со презентацијата за најчитаните автори �� дела во 2018. Ги објавивме резултатите од анкетата: Што читаат најмногу охриѓани? Беа наградени и тројца најредовни читатели, како и учесниците во манифестацијата НАПИШИ СТИХ – КУПИ КАФЕ. На 10 основни училишта од Охрид и Дебрца им беа донирани по околу 50 книги од акцијата ПОДАРИ – РАЗМЕНИ КНИГА. Присутните можеа да ја видат изложбата на дел од над 30 изданија чиј издавач во 2017 и 2018 беше НУ библиотека во Охрид.
Во посета и средба со директорката Гордана Змејковска ни беа библиотекари од Леуварден, Холандија од Универзитетска библиотека на Стенден Универзитетот.Бевме домаќини на учесниците на 17.Регионална конференција на македонскиот ПЕН Центар. Поезија читаа над 20 поети од Балканот. Гости ни беа учесниците на Првиот Балкански детско – младински Поетски камп: “Поетски искри од огништето на Ванчо Николески – 2019” и од Летен камп наменет за деца со македонско потекло ( од дијаспората).
Во рамките на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ Библиотеката беше домаќин на настанот „Поезија напладне“ посветен на творештвото на Поли Муканова од Бугарија. Модератор беше поетот Зоран Јакимоски, а гостуваше и познатиот бугарски писател Владимир Левчев, кој исто така се претстави со неколку свои песни. Гостуваше и манифестацијата „Струшки книжевни средби“ во библиотеката се одржа промоција на книгата „Небесна тишина“, поезија од Новица Соврљиќ, а посебно ни гостуваа и поети од Хрватска.
Бевме во посета на Семинарот за македонски јазик, литература и култура и на младите изучувачи на македонскиот јазик им подаривме книги од македонски автори. Пред крајот на годината од 4 до 17 ноември организиравме Саем на книгата. На продажба беа дела од капиталните едиции: „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ како и изданија од едицијата „130 тома македонска книжевност“. Книги кои и сега можат да се набават во библиотеката. Го организиравме и општинскиот натпревар „Млади библиотекари“.
Во 2020 година, НУ Библиотека „Григор Прличев“од Охрид покрај редовните програмски активности ќе ги одбележи и следниве годишнини: 190 години од раѓањето на Григор Прличев и 160 години од издавањето на поемата „Сердарот“, 40 години од смртта на писателот Ванчо Николески, 85 години од раѓањето на Живко Чинго и 165 годишнината од раѓањето на публицистот Темко Попов.
This slideshow requires JavaScript.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид: Имавме богата програмска година За НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид изминатата 2019 година е една од најплодните и најуспешните во поглед на програмските активности, промоциите, соработките и отвореноста кон читателите и посетителите со близу 80 настани.
0 notes
Text
TOC: Journal of Contemporary Philology Vol. 2, No. 1 (2019)
Linguistics Research of pragmatic markers: domains and approaches Marija Kusevska 7-23 Manipulating truth in media discourse Zorica Trajkova 24-46 Основната форма на глаголските аломорфи во албанскиот јазик во рамките на морфонолошките промени Исмет Османи 47-58 Синтаксата на насловите во електронските медиуми во македонскиот стандарден јазик Виолета Јанушева 59-79 Инструкција за подобрување на изговорот на странски јазик Анаста��ија Киркова-Наскова 80-101 Aнглиските пре http://dlvr.it/R822ZR
0 notes
Text
За мајчиниот јазик
Мајчин јазик се нарекува јазикот што ја придружува личноста од нејзиното раѓање или од многу рана возраст. Најчесто тоа е јазикот што личноста го користи највешто и најинтуитивно во сите или речиси сите области од својот живот, и кој умее спонтано да го употребува во секоја прилика. Од друга страна, човек што израснал со одреден јазик се нарекува роден говорител на тој јазик. Лингвистите може да дознаат многу за јазикот што го проучуваат со анализа на начинот на кој зборуваат родените говорители и на нивните јазични навики.
Интересно е да се забележи дека една личност може да има повеќе од еден мајчин јазик. Тоа се должи на околностите во кои детето се родило и израснало; тоа се случува, на пример, кога родителите немаат ист мајчин јазик, или пак кога детето ќе се роди во држава во која се зборува јазик различен од тој на родителите. Во такви случаи, детето расте со најмалку два јазика што интензивно ги користи и најчесто точно знае со кој од возрасните кој јазик може да го користи за успешно да комуницира. Во случаи во кои и двата јазика се мајчини јазици на детето, станува збор за билингвалност (најчесто се мисли на јазиците усвоени до четиригодишна возраст). И покрај тоа што детето активно ги користи и двата јазика, најчесто едниот јазик е доминантен, па го кор��сти поспонтано и во повеќе ситуации.
На пример, да си замислиме дека Софи се родила во Франција, во семејство во кое мајчиниот јазик на едниот родител е француски, а на другиот шпански. Јазичниот развој на Софи може да тече во две насоки:
Доколку и двајцата родители дома зборуваат француски (со Софи и меѓу себе), нејзиниот мајчин јазик ќе биде француски, бидејќи тоа е јазикот што го слуша и користи и дома и во околината.
Доколку родителот што зборува шпански одлучи да го користи својот мајчин јазик со Софи, па во домот се користат и двата јазика (секој родител ѝ зборува на Софи на својот мајчин јазик, меѓу себе зборуваат на француски, а таа ги користи и двата јазика) – во тој случај таа ќе порасне со два мајчини јазици. Сепак, најверојатно францускиот ќе ѝ биде доминантен јазик, бидејќи го слуша и дома (со едниот родител и кога тие зборуваат меѓу себе) и во околината (во градинка, во продавница, на телевизија итн.).
Во лингвистиката мајчиниот јазик често се нарекува и прв јазик, а наспроти него, многу луѓе имаат и втор јазик. Ова е концепт различен од мајчиниот јазик, бидејќи се работи за доминантниот јазик на општеството, кој поединецот го стекнува малку подоцна во животот и како дел од социјализацијата, на пример во текот на образовниот процес. Кој јазик ќе биде прв, а кој втор, како и тоа кој јазик ќе биде доминантен во животот на поединецот зависи од многу фактори: што се зборува дома, низ каков образовен систем поминало детето, каков е статусот на одреден јазик во државата во која живее и уште многу други околности. Покрај тоа, сосема трет и посебен концепт во лингвистиката претставува изучувањето странски јазик, кој најчесто не се зборува во општеството во кое живее личноста, па затоа за да го научи треба свесно да се потруди.
Ако се вратиме на примерот со Софи, може да си замислиме ситуација во која целото семејство се сели во Германија и таа дури таму по��нува да оди на училиште. Во тој случај германскиот многу брзо станува нејзин втор јазик, бидејќи на него се образова и се социјализира со врсниците (дури и ако дома никогаш не зборува на германски со родителите). Подоцна Софи во кој било момент може да одлучи да изучува и некој дополнителен странски јазик, на пример јапонски, на курс.
Мајчиниот јазик игра важна улога при учењето странски јазици, бидејќи од јазичните особености што ни се на располагање во него зависи како ќе ги протолкуваме и научиме појавите во другите јазици. Покрај тоа, мајчиниот јазик влијае и врз тоа кои гласови ќе ни бидат најприродни за изговор, бидејќи нашиот говорен апарат многу рано се приспособува за најлесно да ги создава звуците на нашиот мајчин јазик.
Досега зборувавме за мајчиниот јазик на поединецот, но може да се зборува и за мајчиниот јазик во рамките на едно општество. Кога во една држава живеат луѓе што имаат различни мајчини јазици, станува збор за двојазичност или повеќејазичност на ниво на целото општество. Ова е многу честа и природна појава, која постои уште од првите контакти меѓу различните народи т.е. јазични заедници. Бидејќи мајчиниот јазик е тесно поврзан со идентитетот на поединците и на општествените групи, прашањето како да се регулира и да се почитува повеќејазичноста во одредена држава треба секогаш внимателно да се разгледува.
Во современото општество сѐ повеќе луѓе секојдневно користат повеќе од еден јазик, дури и ако не им е мајчин јазик или не го зборуваат течно. Постојат најразлични причини за учење странски јазици и различни околности што водат кон билингвалност, па тешко е да се разграничат сите појави и комбинации. Затоа често вреди секој случај да се разгледува посебно – како примерот со Софи. Меѓутоа, мајчин јазик имаат баш сите што пораснале во заедница со други луѓе, што значи дека со самото тоа што сме дел од општеството „добиваме“ најмалку еден јазик!
#лингвистика#јазик#мајчин јазик#прв јазик#втор јазик#странски јазик#билингвалност#повеќејазичност#двојазичност#роден говорител
5 notes
·
View notes
Text
Пет јазични активности што не се дел од лингвистиката
Лингвистиката го изучува јазикот како човечка и општествена појава и вклучува многу различни дисциплини; некои од нив се однесуваат на структурните рамништа на јазикот, а некои се однесуваат на интеракцијата помеѓу јазикот и другите општествени и научни дисциплини поврзани со него.
Сепак, не сите активности и дисциплини поврзани со јазикот се дел од лингвистиката, иако се тесно поврзани со неа. Во продолжение следуваат пет јазични дејности што често се сметаат за дел од лингвистиката, а всушност не се.
1. Преведување
Преку преведувањето се зближуваат народите што зборуваат на различни јазици, било да се работи за стручен превод на правни текстови или на упатства за ракување со машини, било за книжевен превод на светските класици или на најновата современа поезија. Професионалните преведувачи мора одлично да ги познаваат и изворниот и целниот јазик за да создадат добар превод, но не мора прво да бидат лингвисти за да може да преведуваат. На преведувачите многу им помагаат сознанијата на лингвистиката, особено научната и систематска споредба меѓу јазиците. Иако постојат лингвисти што дополнително се занимаваат и со преведување, преведувањето не им е неопходно на лингвистите во нивните научни истражувања на јазикот.
2. Предавање странски јазици
Во денешно време е тешко да се најде некој што никогаш не изучувал ниту еден странски јазик; во Македонија сите што завршиле основно училиште во последните педесетина години барем една година учеле некој странски јазик (од најстарите генерации што задолжително учеле српскохрватски за време на Југославија, до денешните генерации што може да учат англиски уште во прво одделение). Некој што сака да стане одличен учител по странски јазик мора да го проучи јазикот и од гледна точка на лингвистиката, за да ги пронајде начините на кои тој најлесно може да се пренесе. Постојат многу лингвисти чии научни сознанија се употребуваат директно во праксата на предавање странски јазици. Од друга страна, лингвистите најчесто немаат потреба од методиката што ја користат учителите по странски јазици, бидејќи задача на лингвистите е да го истражат, разберат и опишат јазикот, а не да научат некого како да го користи.
3. Лекторирање
Сите текстови што треба да бидат напишани на стандарден јазик (за употреба во образованието, во медиумите, во администрацијата и во литературата) мора да бидат проверени од страна на лиценциран лектор. Задача на лекторите е да ги усогласат сите такви текстови со правилата на правописот и да се осигураат дека во нив нема никакви грешки, бидејќи само на тој начин може да се регулира правилната употреба на стандардниот јазик. Помеѓу задачата на лекторите и задачата на лингвис��ите постојат две клучни разлики: додека лингвистите го истражуваат јазикот во сите негови форми, лекторите се занимаваат исклучиво со стандардниот јазик. Покрај тоа, лингвистите ја опишуваат употребата на јазикот, а лекторите ја поправаат.
4. Толкување
Толкувањето наједноставно може да се дефинира како усно преведување. Бидејќи при толкувањето не мора да биде присутен никаков пишан текст, логично е да се сфати како активност што му претходела на преведувањето, па дури и на пишувањето. Сепак, кога се зборува за толкување во денешно време најчесто се мисли на симултано толкување, за кое е неопходна техничка опрема (микрофони, слушалки, кабини со звучна изолација) што му овозможува на толкувачот да го толкува говорот со само неколку секунди задоцнување по говорникот. Како и кај преведувањето, и во оваа област научните сознанија од лингвистиката се корисни за подобрување на техниките за толкување и вештините на толкувачот. И покрај тоа, лингвистите не се занимаваат со толкување.
5. Познавање многу јазици
Едно прашање што често се поставува кога некој ќе рече дека се занимава со лингвистика е: „Закон, а колку јазици зборуваш?“ Вистина е дека лингвистите често зборуваат повеќе јазици, но тоа не е правило што важи за сите. За да научиме да зборуваме некој странски јазик не ни се неопходни познавања од областа на лингвистиката и нејзините научни методи. И ��братно, често се случува еден лингвист да проучува одредени појави во рамките на јазик што воопшто не го зборува течно. Постојат луѓе, т.н. полиглоти, кои за забава учат да зборуваат голем број странски јазици, што значи дека нивната цел е практична. Секако, постојат лингвисти што зборуваат повеќе јазици и постојат полиглоти што се интересираат за лингвистика.
-----
Иако лингвистиката сама по себе не ги вклучува горенаведените јазични активности, неспорно е дека голем број лингвисти имаат искуство и со некои од нив, бидејќи сепак се работи за сродни дејности. Затоа Јазичарница е место за сите нив: лингвистите, преведувачите, толкувачите, наставниците по странски јазик, лекторите и полиглотите, кои се поврзани преку нивната голема љубов – јазикот!
#дали знаевте?#лингвистика#јазик#јазици#лингвисти#преведување#превод#преведувачи#предавање странски јазици#странски јазици#лекторирање#лектори#толкување#толкувачи#полиглоти
2 notes
·
View notes
Text
За разликите меѓу јазиците
Целта на лингвистиката е преку податоци за различните јазици што се зборуваат во светот да извлече заклучоци за човековиот јазик воопшто. Затоа лингвистите ги проучуваат сличностите меѓу јазиците, но и разликите меѓу нив.
Веќе при самото слушање на некој странски јазик може да забележиме некои негови особености, како на пример интонацијата или гласовите што ги содржи. Гласовите се најмалата единица на говорениот јазик. Тешко е да се изброи колку различни гласови можат да произведат говорните органи на човекот, но факт е дека секој човеков јазик содржи само подмножество од сите гласови што може да се изговорат. Интересно е дека нашите говорни органи се навикнати пред сѐ да ги произведуваат гласовите што ги содржи нашиот мајчин јазик – тоа е и една од причините зошто имитирањето на звуците на други јазици може да биде предизвик за некои луѓе. На пример, гласот [m] што го слушаме на почетокот на зборот месечина е дел од речиси сите светски јазици, но постојат гласови, т.н. кликови, кои се дел од само некои јазици што се зборуваат на југот на Африка.
Информациите што ги содржи одредена форма на зборот се нарекуваат граматички категории. На пример, формата свеќите содржи граматички информации својствени за именките во македонскиот јазик, па за оваа форма може да кажеме дека е: во женски род (според категоријата род), во множина (според категоријата број) и определена (според категоријата определеност). Формата прочитавте содржи граматички податоци својствени за македонскиот глагол: второ лице (според категоријата лице), множина (според категоријата број), свршен (според категоријата вид) и минато определено време (според категоријата време). Но, овие неколку граматички категории не се наоѓаат во сите јазици во светот, а постојат и други. Во унгарскиот јазик, на пример, именките не разликуваат граматички род, додека кај глаголите постои уште една (многу ретка) граматичка категорија: определеност. Освен тоа, како што веќе посочивме кај македонскиот и кај бугарскиот јазик, комуникативните потреби на зборувачите на одреден јазик може да доведат до развивање на нови граматички конструкции и граматички категории, или на губење на некои од старите.
Jазиците се разликуваат и во однос на зборовите што ги содржат. Еден важен извор на нови зборови во јазикот е зборообразувањето, при кое од веќе постојни елементи се создава нов збор со ново значење (на пример трка + -ач → тркач). Покрај тоа, бидејќи јазиците често се наоѓаат во меѓусебен контакт, вообичаено е да позајмуваат зборови едни од други. Проучувањето на зборовите во различните јазици е особено интересно кога се работи за зборови што означуваат специфични делови од културата на еден народ: храна, обичаи, животни и растенија, облека и сл. Историски гледано, кога две различни култури доаѓаат во контакт, таквите зборови најчесто се позајмуваат од еден во друг јазик за да се доловат предметите и концептите што едната култура ги нема. Предметите и концептите често патуваат заедно со нивните имиња; така на пример, името на бананата потекнува од волофскиот јазик, кој се зборува во Западна Африка, но зборот денеска се користи во целиот свет, бидејќи се раширил заедно со овошјето.
Може да се заклучи дека (не)постоењето на конкретен збор во еден јазик е важно за културата и народот што го зборува тој јазик, бидејќи е одраз на неговите потреби. Во одреден јазик можеме да очекуваме да сретнеме зборови за предмети и појави за кои често се зборува и што се дел од секојдневието на луѓето. Од друга страна, кога зборувачите на еден јазик се соочуваат со нешто ново, потребата да зборуваат за него е толку силна што луѓето секогаш наоѓаат начин да создадат нов збор што ќе го користат.
Покрај горенаведените разлики што произлегуваат од с��мите јазици, постојат и разлики што се прашање на конвенција, како на пример писмото на кое се пишува и правописот. Така, според правописот на македонскиот јазик во основа се пишува онака како што се говори (односно правописот е фонетски), додека правописот на некои други европски јазици се базира на различни принципи, кои не се секогаш очигледни. Англискиот јазик, на пример, сѐ уште се пишува така како што се изговарале зборовите пред неколку века, односно сегашниот англиски правопис не ги бележи промените во изговорот што се случиле оттогаш (на пример зборот feet пред околу 700 години навистина се изговарал „феет“!).
Ова се само некои полиња на кои јазиците се разликуваат, а постојат уште многу други. И покрај голем број заеднички тенденции, човековите јазици се богати и разновидни во секој поглед. Тоа што во еден јазик се наоѓа некој глас, збор или некоја граматичка категорија помалку или повеќе не е ниту добро ниту лошо, туку само различно. Тоа што еден јазик не го разликува на едно по��е, го надоместува со подетални дистинкции на друго поле, па затоа не постои јазик што е апсолутно сложен или апсолутно едноставен. Дали некој јазик е потежок или полесен за изучување зависи од повеќе фактори, а меѓу нив важна улога играат особеностите на нашиот мајчин јазик, јазиците што претходно сме ги совладале, мотивацијата и методите на учење.
#јазик#лингвистика#гласови#фонетика#мајчин јазик#кликови#граматички категории#род#број#определеност#време#глаголски вид#лице#македонски#македонски јазик#ун��арски#зборообразување#позајмување#култура#волофски#правопис#писмо#фонетски правопис#англиски#разлики
4 notes
·
View notes
Text
Јазичен мит: „Фала не е македонски збор“
„Аман веќе со тие србизмите, не се вели закаснив на македонски, туку задоцнив!“
„Што ти значи тоа фасцинантен? Преведи го на македонски!“
Вакви коментари се дел од нашето секојдневие, било во живо, било на социјалните мрежи. Често се среќаваме со луѓе што изразуваат грижа дека странски зборови го уништуваат „нашиот убав македонски јазик“ и што се залагаат за исфрлање на зборовите што не се од домашно потекло.
Таквиот пристап кон јазикот се нарекува јазичен пуризам. Овој став е близок на прескриптивизмот, односно се фокусира само на една „правилна“ варијанта која треба да се користи, а ги отфрла сите други како „неточни“ или спротивни на духот на јазикот. Пуризмот и прескриптивизмот немаат никаква научна основа, туку претставуваат целосно субјективен политичко-идеолошки однос кон јазикот што се користи во едно општество. Ваквите пристапи се маскирани како грижа за јазикот, но нивната ригидност е всушност многу штетна за него и за неговите зборувачи.
Јазичниот пуризам води кон осиромашување на зборовниот фонд на еден јазик и намалување на неговите потенцијали за изразување на различни концепти. Што би се случило кога англискиот јазик би се отарасил од сите зборови од француско и латинско потекло? Неговите зборувачи би ги изгубиле скоро сите зборови поврзани со готвењето, управувањето на државата, правото, војската, религијата, филозофијата… Покрај тоа, знаеме колку е важно еден јазик да располага со синоними, кои се најчесто од различно потекло; ако настојуваме да ги употребуваме само домашните зборови, ќе ги изгубиме нивните синоними што изразуваат слични значења. Навлегувањето на зборови од туѓо потекло во еден јазик е сосема природен процес што отсекогаш се случувал во сите јазици. Ниту еден јазик не е „чист“, бидејќи секогаш доаѓа до контакт меѓу луѓето што зборуваат различни јазици, а тоа води кон позајмување на зборови (па дури и на граматички особини).
Корените на пуризмот и прескриптивизмот се длабоки и тесно поврзани со пра��ањата на идентитетот на една заедница, која се труди да го разграничи сопствениот јазик од јазикот на другите заедници. Таквите ставови веќе со векови доминираат насекаде во светот и се дел од нашата култура, образование и воспитување. Застапувањето на антипрескриптивистички (дескриптивистички) став е сѐ уште ретко, иако сѐ поголем број лингвисти го креваат својот глас и укажуваат на неговата научна издржаност и објективност. Во нашиот регион е позната состојбата со хрватскиот јазик и неговиот развој во последните неколку децении, па интересно е дека постои еден понов антипрескриптивистички проект на група хрватски лингвисти што се бори за поинакво сфаќање на јазикот. Книгата на Анѓел Старчевиќ, Мате Каповиќ и Далиборка Сариќ „На јазикот му е сеедно“ (”Jeziku je svejedno”) е достапна бесплатно во електронска верзија.
Кога станува збор за македонската јазична култура, еден добар пример за илустрација на сегашната состојба е групата на Фејсбук Пуздер правам… од македонскиот јазик!, со која многу од нашите читатели се сигурно веќе запознаени. Од основањето на групата во 2012 година до денес, таа има прераснато во платформа на која секој може да започне дискусија во врска со македонскиот јазик, да се посоветува во врска со употребата на јазикот или, пак, да посочи на добра или лоша употреба на јазикот во медиумите и сл. Меѓутоа, и покрај добронамерната цел на групата и на нејзините администратори, многу корисници на Пуздер... изразуваат ставови што поттикнуваат пуризам и прескриптивизам, а го прават тоа исмејувајќи ги нестандардните варијанти и претворајќи го секое прашање за совет во предавање за тоа што е „правилно“, а што не.
Администраторите на групата прават сѐ што можат да ја одржат комуникацијата на соодветно ниво и тоа е нагласено во правилата на групата, но сепак не се мешаат во дискусиите во кои често се шират ваквите пуристички и прескриптивистички ставови (што е добро, бидејќи тоа би било цензура). Сепак, сметаме дека е потребно отворено да се обесхрабрува јазичниот пуризам, односно да се поттикнува и негува широк и толерантен однос кон сите варијанти и зборови на јазикот.
Да се вратиме сега на насловот, односно на зборчето фала, кое го користиме секојдневно кога се заблагодаруваме. Зборот на прв поглед изгледа како србизам, но всушност води потекло од прасловенската именка хвала (со значење пофалба, чествување, слава), од која се развиле и голем број сродни зборови во сите словенски јазици. Интересно е дека во сите други словенски јазици се задржал почетокот на хв-, а само во македонскиот тој во сите дијалекти се променил во ф- (за оваа специфична особина на македонскиот јазик зборувавме тука, во втората точка). Истиот корен го делат и зборовите пофалба, фалење, фалбаџија и пофалница; фала е всушност домашен македонски збор.
Сосема легитимни зборови во македонскиот јазик се и останатите зборови во примерите на почетокот на овој текст. Тоа што некој збор е нестандарден или од туѓо потекло не значи дека не е македонски; ако голем број луѓе го употребуваат, тогаш е дел од јазикот, сакале ние или не. Покрај тоа, факт е дека секој има право во својот говор да ги користи само зборовите што му се допаѓаат, но тоа не значи и дека смее да го осудува или поправа јазикот на другите луѓе. Како што пишува и во правилата на Пуздер…, јазикот ни припаѓа на сите!
#јазик#лингвистика#македонски#македонски јазик#фала#прескриптивизам#пуризам#прасловенски#словенски јазици#хрватски#Пуздер#дескриптивизам#антипрескриптивизам#јазичен прескриптивизам#јазичен пуризам#англиски#француски#латински#јазичен мит#србизми#англицизми#домашни зборови#зборови од туѓо потекло#Jeziku je svejedno#На јазикот му е сеедно#Anđel Starčević#Daliborka Sarić#Mate Kapović
5 notes
·
View notes
Text
За односот кон јазикот: Различен „јазик“ во различна ситуацијa
Кога пишувавме за јазичниот прескриптивизам и пуризам, нагласивме дека стандардниот јазик е само една од варијантите на еден јазик:
„Стандардниот јазик во општеството служи како неутрален јазик на образованието и официјалната комуникација, но за лингвистите тој не е „подобар“ или „поправилен“ од другите варијанти на јазикот (разговорниот јазик и дијалектите). Употребата на стандардниот јазик во секој случај мора да се регулира и во тоа клучна улога имаат лекторите, но нивните интервенции мора да се ограничат само на ситуациите во кои се употребува стандардниот јазик.“ (извор)
Јазикот на еден народ го сочинуваат и стандардниот јазик и сите нестандардни варијанти што ги користат луѓето што го зборуваат тој јазик како мајчин, па така:
„Тоа што некој збор е нестандарден или од туѓо потекло не значи дека не е македонски; ако голем број луѓе го употребуваат, тогаш е дел од јазикот, сакале ние или не. Покрај тоа, факт е дека секој има право во својот говор да ги користи само зборовите што му се допаѓаат, но тоа не значи и дека смее да го осудува или поправа јазикот на другите луѓе.“ (извор)
(Во овој дијаграм се набројани некои елементи на сѐ она што претставува јазик – иако списокот не е исцрпен! – а сите тие дополнително си влијаат едни на други)
Сите овие форми и варијанти на јазикот се сосема легитимни, но важно е да знаеме да разграничиме во кои случаи каква варијанта на јазикот треба да се користи – стандардна или нестандардна. Во секојдневниот живот е сосема вообичаено да користиме разговорен јазик, дијалект, заемки од странски јазици и сл., особено кога зборуваме со пријатели и познаници, или, пак, се наоѓаме во неформална ситуација (во продавница, во автобус, на пазар...). Дури и во рамки на разговорниот јазик постојат разлики во начинот на кој се изразуваме во зависност од соговорниците, целта на комуникацијата, расположението… Но, исто толку важно е и да се почитуваат ситуациите во кои навистина мора да се потрудиме и правилно да го употребуваме стандардниот јазик, како на пример кога сме вклучени во образованието (без оглед дали како ученици или како наставници), кога даваме пишана или усна изјава за медиумите, кога официјално претставуваме некоја организација итн.
Вистина е дека денеска во Македонија свесноста за употребата на стандардниот јазик не е на завидно ниво, и тоа особено паѓа в очи во медиумите, книгите што се печатат без соодветна лектура, јазикот на политичарите... Сепак, тоа што стандардниот јазик не се користи така како што треба не значи дека треба да се инсистира на негова употреба таму каде што не му е местото. Проблемот со јазичниот прескриптивизам настапува кога строгите правила на стандардниот јазик по секоја цена се спроведуваат и надвор од него. Во сите ситуации во кои треба да се трудиме да го употребуваме стандардниот јазик најдобро што можеме, мора да внимаваме на правилата на правописот или правоговорот. Меѓутоа, во сите останати ситуации, во ред е да си зборуваме така како што си зборуваме.
Како членови на една јазична заедница потребно е да размислуваме за тоа како го користиме јазикот и ние и другите околу нас. Ова не е едноставна тема што може да се отвори и да се затвори во кратко време, туку нешто за што ќе треба да се развие свест и постојана дискусија. Начинот на кој зборуваме за јазикот треба да вклучува разбирање за разликите меѓу зборувачите и почит кон сечие право да зборува така како што сака на својот мајчин јазик.
Таквата свесност е истовремено одговорност и на секој по��динец и на целото општество. Јазикот што го користат јавните ��ичности, новинарите, наставниците итн. би требало да биде пример за тоа каков начин на изразување е соодветен во секоја ситуација. Освен тоа, потребно е сите варијанти на јазикот (стандарден јазик, дијалекти, разговорен јазик) да се признаат како еднаквовредни и секоја од нив да го најде своето место и својата функција во општеството. Движењето меѓу различните варијанти во зависност од тоа со кого и каде комуницираме треба да се разбере како нешто најприродно од кое зависи здравиот однос кон јазикот.
#јазик#лингвистика#македонски јазик#македонски#прескриптивизам#пуризам#стандарден јазик#нестандардна варијанта#разговорен јазик#дијалекти#сленг#жаргон#англицизми#србизми#општество#однос кон јазикот
1 note
·
View note
Text
Што е Јазичарница?
Јазичарница, мн. јазичарници ж. Простор каде што се зборува за јазици, зборно место за јазичари и вљубеници во јазикот. Пример: Добре дојд��вте во нашата јазичарница!
Дали некогаш сте се запрашале зошто постојат толку многу различни јазици на светот? Зошто со пријателите зборуваме поинаку отколку со професорите и шефовите? Дали сте забележале како нашите баби и дедовци некогаш користат зборови што нам ни се чинат смешни и застарени, или се едноставно непознати за нашето време? Ви се случило ли да се замислите како бебињата го учат мајчиниот јазик? Кога може да се каже дека навистина сме научиле еден странски јазик?
Ако си ги имате поставено овие прашања, тогаш се наоѓате на вистинското место! Јазичарница е онлајн платформа преку која сакаме да поттикнеме размислување и дискусија за јазикот воопшто, за македонскиот јазик и за сите останати јазици. Јазикот ни припаѓа на сите и природно е да нѐ интересира како тој функционира. Јазичарница е место каде што ќе пишуваме за јазикот и сета негова разновидност – добре дојдовте!
2 notes
·
View notes
Text
Што е лингвистика?
Лингвистиката е наука за јазикот, што значи дека го проучува јазикот преку научниот метод. Исто како што биологијата се интересира за живите организми, а астрономијата ги истражува небесните тела, предмет на изучување на лингвистиката е човековиот јазик.
Јазикот што го зборуваме е природен дел од нашето секојдневие до таа мера што често не сме свесни за неговите својства, сѐ додека не направиме споредба со некој странски јазик што го изучуваме. Така, многу луѓе откриваат дека ги интересира природата на човековиот јазик дури откако ќе почнат да изучуваат повеќе јазици, да ги споредуваат и да размислуваат за нив. Преку тие размислувања за различните јазици (македонски, англиски, шведски, корејски...) испливува на површина тоа што им е заедничко на сите нив; кога во лингвистиката се зборува за јазик, се мисли на системот за комуникација што ги има тие заеднички својства.
Бидејќи јазикот е систем за комуникација во кој постојат внатрешни правила, задача на лингвистите е да ги откријат и опишат сите својства и функции на тој систем. Тоа значи дека голем дел од лингвистиката е посветен на различните структурни единици на јазикот, како што се гласовите, зборовите или речениците, па затоа за секое ниво од структурата на јазикот постои посебна лингвистичка дисциплина.
Сепак, лингвистиката е многу повеќе од само проучување на граматичките правила на јазикот. Лингвистите наоѓаат теми за проучување во сите сфери од животот. Некои од нив се интеракцијата на јазикот со: општеството, поединците, човековиот мозок, идентитетот и културата, комуникацијата, а во поново време и со технологијата.
Колку што се бројни областите што се пресекуваат со лингвистиката, толку има и различни подрачја на кои работат лингвистите. Лингвистите може да работат во библиотека, опкружени со стари ракописи; може да работат на терен и да документираат некој редок и непознат јазик; може да работат пред компјутер, создавајќи програма која ќе ги издвои сите именки што се среќаваат по придавката „син“ во делата на Дикенс; може и да спроведат некаков лингвистички експеримент (за кој сепак најчесто не се потребни епрувети) и уште многу други возбудливи нешта.
Некогаш се случува лингвистите да проучуваат одреден јазик без да го зборуваат течно. Тоа е така бидејќи ги интересира јазикот како појава, кои се неговите елементи и како функционираат, а ��е како да нарачаат кафе на одреден јазик.
Со таквата анализа тие можат да извлечат заклучоци за некои универзални тенденции на човековиот јазик. Научниот метод во лингвистиката подразбира познавање на релевантна теорија, поставување хипотези, собирање и обработка на валидни податоци и нивна соодветна интерпретација. Како и секоја друга наука, и лингвистиката располага со алатки и модели за научна работа и често се труди своите сознанија да ги примени и во праксата (со тоа се занимаваат различните гранки на применетата лингвистика).
Може да заклучиме дека науката за јазикот е особено разновидна и изобилува со идеи и пристапи за збогатување на човековото знаење. Лингвистиката е секаде каде што е присутен јазикот во каква било форма, што значи дека за лингвистите секогаш постојат нови прашања на кои треба да се најде одговор.
#лингвистика#јазик#јазици#наука за јазикот#лингвисти#применета лингвистика#научен метод#систем за комуникација
1 note
·
View note
Text
Италијанскиот јазик нова можност за шестодделенците од ООУ Единство Гостивар
Италијанскиот јазик нова можност за шестодделенците од ООУ Единство Гостивар
За многу луѓе, најтешкиот чекор при желбата за изучување на некој јазик е одлуката кој јазик да го одберат.
Учењето странски јазици станува тренд во целиот свет. Луѓето се’ почесто патуваат, а со тоа добиваат и желба за учење на јазиците кои се зборуваат во земјите кои ги посетуваат. Со повеќе од 85 милиони луѓе кои го користат, италијанскиот јазик е еден од најпопуларните странски јазици за…
View On WordPress
0 notes