Tumgik
#makedonska poezija
bardosys · 3 years
Text
Изговор
....
тишина ....
бидејќи,
се мразам себе си,
многу повеќе отколку што можеш да ме сакаш.
2 notes · View notes
mbivalent · 6 years
Text
"...и кога ти ми рече, не знам што ми рече,
и кога јас ти реков, не знам што ти реков,
и кога она што не можев да ти го кажам беше меѓу моите зборови застанато...“
Сеќавање, Петре М. Андреевски
37 notes · View notes
bardosys · 3 years
Text
За победата
(Се) уште
Од дамнешните бајки
Го запаметив твојот копнеж по соништа,
И по дрвени штици, се разбира без метал на нив,
Копнеж каде го слекуваше
Телото и во оган коваше акти,
И приказни за стари племиња.
Се обидов да те пренесам до нив
Под некоја чудна 306,
Не успеав,
Можеби не ти е ни жал,
Можеби пак паѓаат морските ѕвезди,
Барајќи нивни елемент во тебе,
Во твоите приспивни песни,
Знаеш уште таму има зборови,
На нашето место,( на моето место)
Под дрвото и до графитите
Врежани врз камен или месо,
Ајде удри ме пак,
Секако сум згрчен,
Секако не чувствувам ништо,
Секако, премногу боли.
Илузии за месечева танцувачка
Низ пергаменти и соновници за илузии и сништа,
Времето опишува антички движења и акти од кои се раѓа
Неизбежно совршено совршенство
И ѕвездите нестрпливо од папрати ја
Кројат судбината нејзина,
Судбината на танцувачка месечева,
Со поетово срце до себе,
Се раѓаш ти, божество, во секој стих нов.
Мисли, факти, ти
Со раце до рамења дигнати
Твоите концентрични кругови
Те издигнуваат над моите мисли,
Или јас те издигнувам во нив,
Секако си горе,
Каде не можев да те однесам на раце,
Ниту со придавки и епитети
И уште топло треперат твоите помислувања на мене,
Скриени во мојот џеб,
Уште плавата пластика (да бидеш ти)
Гори во виножитото под моите раце
И во спомени плави,
А знаеш и не го сакам баш огнот
Па оставам се на факт бр. 5А,
И на мразот да средат,
А од остатокот
Градам скали по кои
Ќе можеш да симнеш
Ако ти се смачи горе, но дотогаш
Нека ти биде бина мојата амигдала,
Таа секако е навикната на
Твоите нелогичности и неправди.
О мисли чувајте стража,
Таа да не замине,
А вие факти
Метаморфозирајте во лаги,
И заробете ја,
Но не ја повредувајте,
Никогаш не ја разочарувајте.
Кафеави очи
Трепетот на ѕвездите во мојата соба
Ја означува психотичноста
На инсектите кои ги мразиш,
Кои го носат лекот пто
Го земам за твое добро
Неколку дози од напред
И ми дозволува да видам
Како твоите пијани очи се враќаат
Во кревет,
Ги забораваш тие
Чорапи со сиво-црна шара
И некоја црна јакна,
Колку да го освоиш просторот со твојот мирис,
Колку да ме враќаш во спорите мисли,
Но не дозволува да ти ги видам очите,
Сепак ги знам предобро,
Од соновите, од црно-белите сонови,
Ја намирисав нивната боја,
А сега во нив чорапите се претопуваат
Во трепетливи ракуни
Што трчаат по пулсирачки полиња
Каде се чувствува недостаток
На твојот елемент,
Недостаток на победа,
А утеха дава само
Звукот оа извесно “Заминувам”
Составено од крст и скии,
Со недостаток на самогласка,
Само тој романтичен звук.
Сијалиците го гасат времето
Со преселбата на степските волци
И патувањето по замрзнати и
Езера и реки,
Се раѓа од нив твоето ехо,
Твојот пренатален здив,
Постар од раѓањето на месечината,
И плима и осека на
Сите замрзнати води
По кои волците завиваат
Во ритам на твоите чекори,
Чии шепи го компонираат
Твојот танц, твоето грандиозно соло.
Како некој нов хемиски опит,
Се создаваш себе со од
Безброј хемии, се да има во тебе
И во се да бидеш ти,
Да траеш вечно и врз Арктикот
Да слика аурората твои мигови.
Сијалиците запалени чекаат
Чекори твои,
Исто како твоите
Воздишки и честички
Кои даваат толку потребна блажина
На колачите од твојот дом,
Време е за совр(ем)шен танц,
Време е да ги натепаш врсниците
Па и тие постари од тебе,
Време е да те напуштам,
Заедно со степските волци.
Мирисот твој го паметам
Залудно сум блиску, залудно молчиме под прекривачот,
Секој под својот,
Мирисот твој го паметам,
Низ косинусните и синусните
Набирања на завесите,
Ете нека има мои елементи,
И во нив сепак има твои,
Се напластуваат твоите прикази како
Отсјај на полиците над тебе
Полни си шишиња, пластики и срчи празни.
Мирисот твој го паметам
Од мигот кога ги фрли моите чеда,
Во прогон, слушам глуви маченици
Кои го предаваат твоето име
Врз нивниот спас и
Елементите се подредуваат во твоја полза.
Дождот носи повисока свест на
Стихот кој го загубив и сега
Ги пробувам сите можни комбинации
На мириси кои како плима на
Месечина доаѓаат во слоеви,
Во падежи, во бранови
За мирисот твоја да го паметам.
Штом се судрат громот и
Ехото од твоето нежно “ш”
Се враќам под прекривачот
И гледам воопшто не спијам, Јустиција
Над тебе со меч бдее,
Таа е слепа, мижам и јас,
Но мирисот твој го паметам пак.
Метафора во собата
Во жолти придавки се судруваат
Крилјата на молците од
Темната соба,
Се прашувам дали те сеќаваат
Во мамурлак?
Под твојот кревет
Бесконечноста во бесконечност плачи,
И ги бара негодувањата на
Растроената месечина
Што вети дека ќе кажува тајни.
Океанските процепи во очај
Се превртуваат и чекаат на
Твоето ново доаѓање,
Како морепловци на повраток на Атлантида.
Ах, проклетници
Што упокоение бараат
Во твоето мирување,
Протолкувај ги разложени во сонот
И остани трепетливо
На месечевиот лак, насамо.
Тоа е твојот почеток,
Зракот во расчекор
Онерасположува од твојот танц
И во зрнцата морска сол
Се проткајува
Одзвук од потоната камбана
Што го пее името твое,
И ѕвони до месечината,
До тебе прекрасност моја,
Прости, нејзина.
Контраст
Легнати,
Јас до тебе, ти до пустила,
Ја впивам твојата плот,
Ти едвај испушташ мирис,
Погледнувам милно,
Ти цврсто мижиш,
Посегам по твојата половина,
А завршувам допирајќи се сам,
Ја кревам главата,
Ти уште толку потонуваш во перницата,
Во сон,
Јас мислам на тебе,
Ти сонуваш за хиероглифи,
И самотија,
Месечината открива дел од мојот образ,
То го вртиш твојот кон мрак,
Испуштам воздишки и квичења
Од тебе се одбиваат како ехо
На ноќта во која
Мојот и твојот свет се
Сечат само во жалното време во
Кое се заедно( во кое сме заедно),
А разделени, исто како и нас.
За победата
Сеуште го барам целото време на светот,
Ехото кое го правиш со твојот здив,
Гледај, и месецот чисти седименти
Во твоите кафеави очи
Акварелите во папратите
Преливаат од
Штотуку стигнатиот твој трепет.
Вековите си играа постоење летајќи
И брзајќи под твоите отпечатоци,
Каде од храмот на танцот до Орион
Ти градеа во шепот соѕвездија
И значења во симбиоза,
Огновите приспивно лизгаа
Покрај филџаните со кафе
Раѓајќи и пеејќи толкувања на
Симболите и боите
Исткаени низ призмата на
Антички порцелан,
Јорганите и перниците во твоја лест бараа
Апчиња и хемиски таблети за нови соништа.
Изгреаа неколку согласки и рими,
Липајќи за нивното отсуство во тебе,
И талогот најде значење во твоите мисли
Овде во сонот на древниот аркадиум,
Создадена за и аурора да воскресне
Како систола од пулсот на фениксот,
Апстракност и неповторливост си ти,
Пред која замира, се, овде.
За поразот
Колку души паднале во потрага по победа таква,
Колку сенки бараат спас
И низ мракот заоѓаат пак,
Лагите губат лажливост
И ене облаците крварат
Слепиот Хомер зборови му фалат,
Победа над сите нешта,
И буквите во твоја чест,
Го пребарав светот и
Се претресов сам,
А најдов само
0 notes
bardosys · 3 years
Text
Она што (не) сум
Јас не сум твојот победнички коњ,
без оган на страста в срце,
исушено цвеќе што последниот полен го полага на последните пчели,
тело без положба на релаксирање,
боцки од двете страни на епидермисот.
Јас не сум твојата смртна маана,
не сум носталгијата по домот
кој не видел и не сетил твој чекор,
не сум метанија за спасувања на вратата од надоаѓачката промаја...
Болката и се останато е со наговорена цел
да го измие срцето, да го облагодари со заслуга,
да добие награда за трудот,
мудрост за болка, фер размена, нели?
Не сум ни месечината резанка,
забрцана со ќошот во аван толчени пиперки,
не сум слатка омарнина на твојот врат,
не бев мевлем призвук низ подгреана зима
и дволичен златник отплатен за љубов.
Јас бев изгубен во и вон себе си,
само кеса со преголема тежина,
што остава траги на дланката,
и кога ќе ja отстраниш,
лузните болат само додека ги снема.
0 notes
bardosys · 3 years
Text
Акт
Почнува со
блудна жена во полупрофил,
врат грациозно издолжен до завечувањето на страста,
влажно поднаместена со солзи под душата како лубрикант,
... среќна е,
сликарот ја облагодарува со четката,
платното громовари илузии,
двајцата се спремаат за конзумирање на сите гревови
од утре почнува големиот пост
и ангелите ги свиваат крилјата во устите на демоните,
7 дена гибел,
осмиот - завесата паѓа.
1 note · View note
bardosys · 3 years
Text
Сонливост
Деновите, кои сакаш да ги заборавиш,
мигови на затворени очи
и илјадници мисли во далечината зад погледот...
во слепиот човек што продава чувства на прагот
се гледаш себе си стареејќи, умирајќи,
во потрага по миг кога ќе го доживееш
најголемиот неуспех,
епскиот пад,
грандиозното разочарување.
се обидуваш да го пронајдеш начинот,
начинот, на кој ... ти недостига ...
иако не ги знаеш правилните точки,
или зборови,
чувствуваш дека длабоко во ноќта,
во сон,
нечии усни изговарат едно толку познато име,
кое само во најлудиот амок
звучи како твоето.
0 notes
bardosys · 3 years
Text
Морничава
Утрово најдов список на земјата:
1. купи леб
2. купи млеко
3. најди си разум
4. разбуди се и повтори го истото.
0 notes
bardosys · 3 years
Text
Разгатни ми
Зошто толкава омраза, зошто гнев, бес?
Зошто ги затвораш очите во зол час, не превземеш нешто?
Било што?
Кој е тој што ти кажува дека помалку од сите жени на светот ти се сестри?
Помалку од сите мажи - браќи?
Кој ти ја повлекува раката зад пенкалото,
копчињата, тастатурата, завесата, сечилото?
Кој ги поместува конците на твоите зглобови? Мисли?
Кој тоа внатре штима и расштимува?! Гребе?
Кој бара од тебе да изустуваш работи што
ниедно дете не ги познава в сон?
Чија сила е помоќна од твојот внатрешен глас?
Од твојата интуиција ад алтруисмус?
Колку по колку по колку патишта ќе ти цртаат,
во твојата копнежлива глава за немаркирана рута?
Колку пати рампата и оградата ќе те одделуваат од целта?
Од крајот на ова ниво? Од зеленото без крај?
Колку ли пати ќе треба да ти повторам
и повторам
и повторам
и повторам,
за мојот очај - кога во мислите,
те нема крај мене?
0 notes
bardosys · 3 years
Text
Како да се поминат попладнињата
Лежиш на миндер од врата што ја поврзува дневната соба со твојата душа.
Лежиш како посветен додека лежењето стане штетна навика
и некој те повика
со очите на сите твои поткажани љубови.
(со биднината како расчленет пар)
Со заталканатиот мирис на „заедно“
во кој имаш толку мал удел.
Сал нем часовник го одмерува времето,
добата на трансцеденталци што во
вертикали и хоризонтали ја потфаќаат пајажината
со ќошенце од заруденa месечина ...
Задолжена за чување на правот од сите најсвети икони и мандири.
Двокрилен прозорец (скаран со миндерот)
ја гушнува куќата од надворешната страна
во спасоносна прегратка на заветот мајка-дете,
за зима да не ја јаде и омарнина да не ja збоктиса.
Додека позајмувам едно делче од себе си
на сите разминувачи со мојот поглед,
копнеам крајот на ова поглавје да е мозаик
на успано животинче што шепички си трие
под врзопче сончеви зраци.
Копнеам по еден таков зрак да се сите наши
погледи избегани од црвената соба.
Го разнишуваш пладнето како исплашен патник
кој зад себе остава многу повеќе од присуството во векот што полека тоне,
како најверниот поклоник на сектата на вистината
кој пред да почне да ја зборува истата,
мора да ги зачистува бељите на лагата.
Жртвувајќи го секој единствен миг во нејзина слава
за имање во празноверието.
Седнуваш на незгодното столче,
што буцка во шевовите на `рбетот, во минатото,
го земаш шилото на судбата
и ги резбариш врз себе сите судбини
што поминале на памет низ оваа точка...
Што направиле од тебе пишман
за секоја измината шанса
додека заоѓачките попладниња
нежно капнуваат
врз секоја од твоите бои на молкот.
0 notes
bardosys · 3 years
Text
Природна селекција
Две мачки во
хазардна игра на погледи,
која прва трепне - ГУБИ!
0 notes
bardosys · 3 years
Text
Шепни ми што сакаш
Шепни ми,
за борбата започната утре,
за разурлавени копнежи
на толпа орна - на мракот што низ шепот си оди,
зачни ми надеж и шепни ми што сакаш,
сред жалосна, врквавена роса,
сведнати глави и разранета нога боса,
зачни ми надеж во гласот што трепти,
крени се тело, стравот нека шепти.
Болка тлеj морно,
во ништожност врела, во поразен поход на сили што бдеат,
во темните утра, ноќите тажни,
во родината ни гладна во децата ни страдни
та на рамена ми отсонувај безгрижно лето,
исплачи зима низ виулести очи,
запролети ми скрб од истинат здив,
заесени ми заитканост в ревносни терци,
во редици бескрајни за јамка
стави ме стамен,
плот ми бои,
во боја на пурпур што напразно
в гради е ставен.
Во борба, да се крене силата на свеста,
моќта со песната да се сотвори песна,
и од мислата да се нахрани мисла,
свеста да се крене и овој свет да ја земе,
да тргнеме сложно - да го затапиме ножот!
Ајде ќерки и синови и внуци,
стегнете заби
и во манифестот крвав
втиснете палци и распламтете души
и во нивните празни очи
запрете зборови лути:
ене ГИ ОНИЕ што се откажаа кутри,
ами
ене ГИ ОНИЕ што започна со бојот,
што буица го водат сонот - својот!
0 notes
bardosys · 3 years
Text
Нишало
Вистината,
е точно пресметана бројка
во мерна единица блуд,
од мојата развратна будност
до твојот свиленкаст сон.
0 notes
bardosys · 3 years
Text
Неуспех на новото време
Едноцифрен одговор
на прашањето
„колку пати се заљуби денес“
е
еден од
главните
неуспеси
на модерното време.
0 notes
bardosys · 3 years
Text
Оператор
Низ вклештени раце
и крвави дамари,
темелите на оваа душа ќе ја рикнат
на одар избелената цела моја татковштина
во талог од сон
што не ми стои в раце...
редот доаѓа под сечилото - како самотник без билет,
конец со кој наречниците ловат во матни води.
Заоѓачкото сонце ја дрзнува
вистината како универзален оператор
со промотивен пакет:
“Секој повик кон неа е бесплатен
и не смее да има вина
за тоа што некој пробал да зборне...“
И не е можно,
да остане
неслушната
поради оптеретеност
или пречки во мрежата.
0 notes
bardosys · 3 years
Text
После ова повлекување
Потребна е траума
што отвора очи.
Против шансите.
Против неисполнетите условите
на неполитичките штрајкувачи од мојата
земја.
Налегнати под
некој
божем идеал,
во замена на сите благослови:
за адет, за здравје, за челад,
со кои се поткупуваат чесните луѓе.
На работ од контејнер
смрт со шепи
демне смрт со перја.
Мачката почнува да се мие
што значи дека ќе врне искушение,
ќе има обиди за тројни убиства
и треба
како тајни мозаици да ги чуваме
искинатите ќошиња од календарот потсетник
бидејќи ќе има пуста потрага по
најдобрите зборови што доаѓаат
како бладање од длабокото детство.
Разбирливо е суровата реалност да драска
по едно мало парче болка,
мало гласче на вина.
После се што ти сторив
потребно ми е да избегам
без јасна контура
да сум безличен и ослободен од значење
како имињата на авениите во САД,
потребно е да се повлечам
бидејќи знам дека кога те допирав
се качував на дрвата
на кои требаше да се качуваат
нашите деца.
0 notes
bardosys · 3 years
Text
Одрекувања
Нели ќе прекинеше,
од понеделник,
од утре
од утре
од утре,
нели помалку цигари,
алкохол само со јадење,
или добро друштво
без мамурлак следниот ден,
нели ќе љубеше
себе си исто како и другите
нели ќе го сменеше светот
... во себе си
ќе веруваше во сега и после
меѓу кои нема пауза,
нели ќе кажеше дека ме сакаш
исто како што лесно кажуваш
дека се има крај....
0 notes