napravisisam
Направи си сам
27 posts
Едноставни идеи кои може да ги примените за да ги направите работите околу вас поинтересни.
Don't wanna be here? Send us removal request.
napravisisam · 10 years ago
Text
Божиќни декорации со салфетки / DIY Christmas napkin decoration
Tumblr media
Изберете едноставни детали, како декорација на салфетките за да ја направите вашата Божиќна или Новогодишна вечер поубава.
1. Декорација на салфетка в�� форма на елка
Доколку не можете да го разберете процесот од сликава, погледнете го видеото > Декорација со салфетки
Tumblr media
2. Салфетка во форма на елка со стебло
Tumblr media
3. Декорација со округла салфетка
Tumblr media
4. Декорација на салфетка со машничка и лижавче
Tumblr media
5. Декорација со машничка
Tumblr media
6. Декорација со машна и гранче
Tumblr media
4 notes · View notes
napravisisam · 10 years ago
Text
Направи си сам новогодишни декорации / DIY Christmas decorations
Колку многу им се радувате на празниците? Мирис на костени на улиците, сијаличките полека ги редат на улиците, а дома топло со чајче и кебе на фотеља (мм).
Доколку уживате во вакви моменти сигурно сакате и дома да украсите. По тој повод еве неколку идеи што да си направите сами:
1. Елка на платно
Основното за новогодишните празници ни се елката, сијаличките... (и снегот). Доколку не сакате елка од различни причини, размислете за елка на слика? На платно? И украсете ја со лампиони по желба, или цртајте на истата 
Tumblr media
2. Елка од сијалички
Tumblr media
3. Елка од хартија (со музички ноти или снешковци?)
Tumblr media Tumblr media Tumblr media
Има тоооолку многу идеи, ќе следува посебен пост за елки :)
4. Слатка мала овчичка од хартија и конец
Tumblr media
5. Сијалички, сијалички насекаде
Tumblr media
6. Соберете шишарки и обојте ги во различна боја, замотајте конец околу нив или само вметнете ги во декорација
Tumblr media Tumblr media Tumblr media
7. Декорација со гранки
Tumblr media
8. И за атмосферата да биде потполна, ароматизирајте ја просторијата со цимет, морско оревче, борови иглички и рузмарин, ставете ги во вода и на многу тивок огин. Уживајте.
Tumblr media
52 notes · View notes
napravisisam · 10 years ago
Video
youtube
Направи си сам, ароматизер за дома
2 notes · View notes
napravisisam · 10 years ago
Text
Рандом предмети претворени во масички,сталажи,натказни
Tumblr media
Пред да фрлите некој предмет од дома, разгледајте го блогов пак. :) Понекогаш не ни текнува од прв пат како да би можеле да му дадеме нова ул��га на некој елемент. Разгледајте ги овие слики за да се инспирирате за нова натказна, или масичка за до кревет.
1. Масичка од цигли
Tumblr media
2. Масичка од куфери
Tumblr media Tumblr media
3. Масичка од скали
Tumblr media Tumblr media Tumblr media
4. Масичка од кутии
Tumblr media
5. Масичка од канта
Tumblr media
  6. Масичка од списанија
Tumblr media
7. Масичка од фиока и книги/списанија
Tumblr media
8. Масичка од дрво
Tumblr media
256 notes · View notes
napravisisam · 10 years ago
Text
Направи си сам килимче за во бања
Tumblr media
Направи си сам килимче за во бања од јаже.
Потребно ви е
-јаже (околу 27 м за килим со ширина од 1 м)
-ножици
-лепак
Tumblr media
Потребно е да го поставите јажето на цврста површина и да го мотате во круг, кога ќе направите неколку круг�� залепете лепак на него за да не се отплетка јажето. Подоцна залепете уште еднаш, откако ќе завршите исечете ги кончињата кои штрчат и завртете го килимчето. 
Спремно е за во бањата :)
17 notes · View notes
napravisisam · 10 years ago
Photo
Tumblr media
6 notes · View notes
napravisisam · 10 years ago
Text
Како правилно да го завиткате џебното марамче
Момци, џебното марамче може да биде многу добар моден детал доколку правилно го свиткате. Зависно од тоа дали сакате нешто кежуал или елегантно има различни начини на диплење на истото, погледнете и изберете го оној што вас ви одговара
0 notes
napravisisam · 10 years ago
Text
10 направи сам проекти од школки
Донесете го летото во вашиот дом со овие интересни проекти од школки:
1. Рамка полна школки
Tumblr media
2. Потпирач за книги
Tumblr media
3. Држач за сапун
Tumblr media
4. Саксија
Tumblr media
5. Ѕиден украс
Tumblr media
6. Рамка за огледало
Tumblr media
7. Дел од свеќник
Tumblr media
8. Рамка за рамка :)
Tumblr media
9. Свеќник
Tumblr media
10. Шноли или обетки
Tumblr media
25 notes · View notes
napravisisam · 10 years ago
Text
Направи сам ламба со фотографија
Tumblr media
Овие ламби излгедаат привлечно и можат да се вклопат во било која соба и атмосфера. 
Потребно ви е
фотографија 
ножици (или скалпел)
лепак
електрична свеќа
хартија
Tumblr media Tumblr media Tumblr media
129 notes · View notes
napravisisam · 10 years ago
Text
Многу начини да употребите тегли (направи сам)
Теглите освен за зимница може да се искористат и за декорирање на домот. Погледнете неколку начини како можете сами да си направите свеќник, сад за коктели и сл.
Еве како може да ги искористите за коктели:
Tumblr media Tumblr media Tumblr media
За складирање на работи во кујна:
Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media
За складирање работи во бањата:
Tumblr media Tumblr media
За чување на други предмети:
Tumblr media Tumblr media Tumblr media
Како вазни:
Tumblr media Tumblr media Tumblr media
Како свеќник:
Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media
Како украс:
Tumblr media Tumblr media Tumblr media
220 notes · View notes
napravisisam · 10 years ago
Photo
Tumblr media
Направи си сам, 3D срциња за на ѕид
13 notes · View notes
napravisisam · 10 years ago
Text
Направи си сам организатор на шминки
Tumblr media
Доколку имате еден куп четки за шминкање и сакате да ги организирате, постои многу добар начин како сами да го направите тоа. 
Потребно ви е
-Пометач за јадење од бамбус (рогожа)
-дебела ластика
Еве како оди во неколку чекори:
Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media
3 notes · View notes
napravisisam · 10 years ago
Photo
Tumblr media
9 notes · View notes
napravisisam · 10 years ago
Text
8 совети за подобро организирање на гардеробата
1. Пакувајте ги постелнините во јастучници, на тој начин нема да губите време во барање на комплетната постелнина.
Tumblr media
2. Зголемете го просторот со тоа што ќе ги поврзете закачалките со отворачот на лименки/конзерви.
Tumblr media
3. Искористете скали за да декорирате простор и во исто време ги покажете вашите омилени марами, чевли, ташни и сл.
Tumblr media
или бидете уште по креативни со тоа што ќе ја поставите на ваков начин
Tumblr media
4. Овие клипборди се одличен стилски додаток во вашата соба, а накитот ќе ви биде секогаш на дофат.
Tumblr media
5. Направете посебно место за исчезнатите чорапчиња :)
Tumblr media
6. Искористете гумени ластичиња на краевите од закачалките за да ја спречите гардеробата од лизгање.
Tumblr media
7. Стариот држач за вино ре-искористете го за да си направите држач за ташни. :)
Tumblr media
8. Излепете натписи на работите кои ги складирате, на тој начин секогаш ќе знаете каде ја ставивте белата ролка од минатата зима :)
Tumblr media
5 notes · View notes
napravisisam · 10 years ago
Text
Направи си сам, висечка градина
Доколку живеете во стан, или во куќа, а немате доволно простор за голема градина, ова е одлично решение. Висечката градина се состои од споени даски со јаже, и е прилично едноставно, доколку го имате алатот за да ја изработите.
Потребно ви е:
саксии
цвеќе
даски
јаже
алат за изработка на подлогата
Погледнете низ фотографиите како да ја изработите
Tumblr media Tumblr media Tumblr media Tumblr media
Уживајте во вашата нова градина. :)
175 notes · View notes
napravisisam · 11 years ago
Text
Направи си сам, ремче за часовник
Tumblr media
Овие часовници се многу карактеристични и доколку не можете да си најдете ремче, или пак сакате посојано да го менувате, еве одлична идеја. Се што ви е потребно е марама. И имате нов часовник секој ден. :)
1 note · View note
napravisisam · 11 years ago
Text
Велигденски декорации
Велигден е еден од празниците кој ни дозволува да бидеме креативни.  Самата помисла на бојадисување на јајца ни дава милион идеи како се можеме да го направиме тоа. Еве неколку идеи:
Јајце-човече
Tumblr media
Зар не е преслатко? И верувајте лесно е да се направи.
Потребно ви е:
тврдо варено јајце
држач за јајце
парчиња украсна хартија
ножици
лепило
маркер (фломастер)
И еве како оди проектот
Tumblr media Tumblr media
Извор: http://abitofpillipilli.blogspot.ch/2011/04/happy-easter.html
Јајце со срце
Tumblr media
Овие сметаме дека се уште по едноставни. Земете било каква хартија, исечете ја во облик на срце и залепете ја на јајцето пред да го бојадисувате. Можете да експериментирате и со други форми секако. Откако ќе се исуши бојадисаното јајце одлепете ја хартијата и готово.
Tumblr media
Мини велигденски терариум
Tumblr media
За овој терариум потребни ви се:
тегла (вазна)
пилиња (кои може да ги купите во скоро секоја продавница)
песок во боја (доколку не можете да го најдете слободно искористете сол, а доколку сакате да го обоите истиот поминете го со креда во боја)
било какви минијатури што би сакале да ги вклучите во терариумот
Омбре јајца
Tumblr media
Омбре бојадисувањето стана многу популарно, без разлика дали бојадисувате мебел, коса, нокти или сл.
Еве како да ги бојадисате јајцата во омбре стил: Ставете ги јајцата во боја како на првата слика и оставете ги да стојат колку што обично стојат за да добијат темна боја, потоа јајцето не го мрдајте само додавајте вода повеќе, на тој начин бојата ќе се разредува и погорните делови зафатени од јајцето ќе бидат се посветли и посветли.
Јајце во линии
Tumblr media
Уште еден едноставен начин. Се што ви е потребно е ластиче (подебело, потенко, како сакате) осигурајте го убаво ластичето на јајцето за да не мрда и ставете ги о боја за бојадисување. Откако ќе се исушат, тргнете го ластичето. Толку е едноставно. :)
Имајте убави и шарени празници!
4 notes · View notes