Text
СТР2 - Патриотизам
Ако си слушнал за македонски рап, знаеш за скопските рап легенди - СТР2 (Страјк и Блажеј). СТР2 имаат нова песна која е снимена во Таззакстан/Ошав Продукција кај Гоце Наумовски а.к.а. Таззак Акабатов, продуцирана од Страјк - песната се вика ‘Партиотизам‘ и мислиме дека се си кажува насловот. Послушајте го аудиото.
youtube
0 notes
Text
Dj Гоце САФ брендираше СКОПСКО пиво
Ако се прашувате што тоа звучи супер деновиве, одговорот е СКОПСКО ЗВУЧИ СУПЕР! И тоа звучи СУПЕР за неколку децибели погоре, затоа што новите дизајни на уникатната СКОПСКО колекција ги направија најдобрите дизајнери на звук: Фолтин, Мугер Фугер, Суперхикс и... се разбира, Дј Гоце САФ.

Четирите нови СКОПСКО дизајни беа промовирани на вториот ден на Пиволенд, кој беше powered by СКОПСКО и насловен како „СКОПСКО ЗВУЧИ СУПЕР“.
Музичарите својот карактеристичен звук го преточија во оригинални визуелни решенија кои сега се дел од новиот дизајн на СКОПСКО. СКОПСКО во раце со супер креативен дизајн и со супер квалитетна музика во позадина навистина ЗВУЧИ СУПЕР!
Добивме нови дизајни, модерен изглед и комуникација која се поврзува со публиката која ја цени креативноста, сака добро пиво и слуша квалитетна музика.
СКОПСКО ЗВУЧИ СУПЕР, затоа што кога некој ќе те покани на СКОПСКО, секогаш си помислуваш дека таа идеја навистина звучи супер. Звучи супер, затоа што ја поддржува музичката сцена во Македонија и домашните бендови. Звучи одлично, затоа што Фолтин, Гоце Саф, Мугер Фугер и Суперхикс веднаш ја прифатија СКОПСКО поканата заедно да создадат нешто за своите фанови.
youtube
0 notes
Text
Сложувалка: Изгубените делови
"Сложувалка: Изгубените делови" е јутјуб серијал во кој луѓе од македонската хип хоп сцена споделуваат интересни случки и лични искуства поврзани со хип хопот. Сите оние кои се дел од серијалот, ќе се појават и во "Сложувалка"(та) - документарец за македонски рап каде над 30 имиња ќе создадат една целина.

Гледај ги сите епизоди на линковите подолу:
Сложувалка: Изгубените делови (Против Сите)
Сложувалка: Изгубените делови (Токсиколози)
Сложувалка: Изгубените делови (VG)
Сложувалка: Изгубените делови (Зад Аголот)
Сложувалка: Изгубените делови (Dj Гоце САФ)
Сложувалка: Изгубените делови (Дивизија)
Сложувалка: Изгубените делови (Тони Зен)
Сложувалка: Изгубените делови (Tiggaz ДНС Екипа)
0 notes
Text
Dj Гоце - СКречови на винил а не пластика
“СКречови на винил а не пластика” е уште едно парче македонски рап со легендарен статус. Ова е микстејп на легендарниот Dj Гоце САФ, издаден од страна на авангардната Kritika.mk
Слушни го микстејпот. / Симни го микстејпот.

0 notes