#пресуда
Explore tagged Tumblr posts
gostivarpress · 6 months ago
Text
Царинска управа: Мобилен тим спречи криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните
Мобилен тим на Царинска управа викендов спречи криумчарење на два тони месо штетно за здравјето на граѓаните. Превозникот воедно и сопственик на транспортното возило, месото не го пријавил со царинска декларација, а за него не поседувал ниту ветеринарен сертификат, информираат денеска од Царинската управа. Оттаму додаваат дека по поднесена кривична пријава, донесена е и пресуда за сторено…
0 notes
embassy-m · 1 year ago
Text
Tumblr media
Деца по развод- отуѓени или заштитени?
јули 31, 2023
Tumblr media
 Печати
Дали доделувањето на старателството врз децата по развод кај едниот родител води до оттуѓување на децата од другиот родител? Дел од експертите, кои ги прашавме, сметаат дека двајцата родители треба да имаат еднакви права врз децата, освен во случаите на семејно насилство. Но, други пак,се сомневаат дека државата ќе умее да направи добра проценка за ризик кога ќе треба да пресече за доделувањето на старателство по развод.
Постоечкиот систем во Северна Македонија е едноставен доколку родителите се согласуваат и по разводот си ги делат обрските околу децата, но доколку меѓу нив нема меѓусебна комуникација, што се случува често по развод, тогаш системот му ги ограничува контактите и видувањата со своето дете на оној родител на кој не му е доверено старателството.
Законот е застарен и потребни се итни измени, сметаат дел од професорите по семејно право, бидејќи како што поминува времето, кога детето е доверено само кај едниот родител, губи секаква емоционална и физичка врска со отсутниот родител која понатаму е тешко да се искомпензира. Тука, секако, се исклучок случаите каде имало семејно насилство или злоупотреба на вршење на родителското право, тука судот треба да пресече, вели за РСЕ професорката по семејно право Елена Игновска. “Само во ситуација кога ќе се докаже дека има некаков проблем, на пример семејно насилство кое треба да биде докажано со правосилна судска пресуда или други проблематични ситуации кои што го проблематизираат родителот како неподобен да ги врши родителските одговорности, тогаш се носи судска одлука дали на другиот родител да му се дозволи заеднички да продолжи да ги врши родтелските одговорности или пак треба делумно да му се одземат или ограничат родителските права”, вели професорката Игновска.
ВИДЕТЕ И ОВА:
Децата од еднородителски семејства - дискриминирани и без заштита
Национална мрежа против насилство врз жените: еднаквото старателство е штетно за жените и децата Од Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во Северна Македонија, воведувањето на еднакво старателство по развод би имало штетни последици врз жените и децата. Според нив, неопходно е да постојат јаки институции во земјава кои ќе го проценат ризикот при доделувањето на старателство, за да се заштите безбедноста на мајката и детето. “Доколку се воведе заедничко старателство по развод сметаме дека би се применувал генерално без претходно да се направи соодветна проценка на сите ризици кои би довело до потенцијално штетни последици во насока на заштитата на жените и децата кога во семeјството има насилство. Дополнително моменталната терминологија како и концепти кој се јавува во определени Иницијативи за овој заеднички модел на заедничко родителство ��ако ,,родителско отуѓување” или ,,доделување на децата на жената/мајката” главно се тем��лат на родовите стереотипи кои владеат во едно општество и истите можат штетно да делуваат врз жените кои се жртви на насилство од страна на нивниот интимен партнер“, велат за РСЕ од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.
Низок процент на пријави за семејно насилство Во Северна Македонија бројот на случаи на семејно насилство кои се пријавуваат е многу низок, односно само 2% и тоа е загрижувачки, смеаат од Националната мрежа. “Центрите за социјална работа и граѓанските судови треба да бидат посебно внимателни при доделувањето на децата земејќи ги индивидуалните карактеристики на определно семејство. Преку нашата пракса и работа на директна помош на жени жртви пред се на семејнотo насилство нотирано е дека институциите се уште немаат доволно познавање за спецификите на семејното насилство ниту имаат доволна сензибилизација за постапување во конкретната проблематика. Многу често насилството не се препознава, врз жртвите се врши ревиктимизација, а децата се оставаат во некој расчекор помеѓу оставрувањето на родителските права на двајцата родители и утврдувањето на професионалците пред се од вработените во центрите за социјална работа дали во семејството постои насилство или не.” Според податоците на МВР од почетокот на годинава до сега, вкупниот број кривични дела за семејно насилство кај жени изнесува 410 случаи, а бројот на мажи кои биле жртви на семејно насилство е 130. Но, не секогаш разводите се случуваат поради семејно насилство и кога тоа не е случај, сепак, доколку родителите немаат меѓусебна комуникација по разводот, законски детето се доделува кај едниот родител, а другиот има право со ограничени часови и денови во месецот да поминува време со него.
Tumblr media
Меѓаш�� - промена на законот Детето никогаш не треба да биде во ситуација да избира меѓу двајцата родители, ниту да се отуѓува од било кој од родителите бидејќи од особена важност за детето во неговиот раст и развој се поддршката и љубовта која ја добива од нив. Поради тоа родителите мора да се договорат околу грижата и воспитувањето на своите деца по разводот, како и да го уредат начинот на видување на децата, велат за РСЕ од детската амбасада Меѓаши, меѓутоа во случаи кога нема семејно насилство. “Ова ќе важи за сите случаи, меѓутоа, заедничкото родителство не треба да биде по секоја цена, особено не во случаи кога нарушените партнерски односи прераснуваат во насилство во кое детето не само што е сведок туку и жртва на истото. Како и во случаи кога во судска постапка и со докази ќе се утврди дека едниот родител од определени причини (психички заболувања, злоупотреба на алкохол или наркотици, физичка или сексуална злоупотреба и др.) не е целосно или делумно соодветен за поделено старателство и тоа треба сразмерно да му се намали или целосно одземе, зависно од ситуацијата. И како трето, дополнување на одредбите што предвидуваат дека ЦСР ќе врши надзор над извршување на родителското право, во смисла дека принципот на еднакво видување може да претрпи промени само ако се утврди дека таквиот начин на гледање е штетен за развојот на децата, ако едниот родител не е подобен за остварување на родителски права или ако едниот родител експлицитно се изјасни дека не е во состојба или не сака да ги гледа децата според овој принцип”, велат од детската амбасада. Уште пред 5 години “Meѓаши” и неколку други здруженија побараа до Владата и Парламентот измена на Законот за семејство, за да се промени како што велат неправедната положба на родителските права по развод, но не резултирало со никаков успех.
ВИДЕТЕ И ОВА:
Тешка е борбата на самохраните родители
Кој решава за старателството? На прашање до ресорното министерство за труд и социјална политика дали размислуваат за промена на Законот за семејство со оглед на тоа што во минатото се испратени неколку Иницијативи за измени на Законот, кои предвидуваат подеднакво старателство на двајцата родители, тие одговорија дека во постојниот Закон родителството им припаѓа на двајцата родители подеднакво, но Центарот за социјална работа одлучува кому ќе му припадне детето, а секоја иницијатива за промена на законот ќе биде разгледана. “Стручниот тим на центарот врз основа на спроведената стручно-методолошка тимска работа ��о зависност од возраста, потребите, интересите, желбите, наклоностите на детето, поврзаноста на детето со родителот, односите помеѓу поранешните брачни другари, нивните ставови и мислења во однос на сите прашања, одлучува како, колку и кога ќе се реализираат видувањата“, велат од МТСП. Во Законот за семејство во Северна Македонија, член 80 стои дека:
“Ако родителите не се спогодиле или ако нивната спогодба не одговара на интересите на децата, судот, откако ќе прибави мислење од центарот за социјална работа и ќе ги испита сите околности, ќе одлучи дали децата ќе останат на чување и воспитание кај еден родител или некои ќе останат кај мајката, а некои кај таткото или сите ќе бидат доверени на некое трето лице или установа.”
“Родителот на кого не му се доверени децата има право да одржува лични односи и непосредни контакти со нив, ако судот не определи поинаку со оглед на интересите на децата.”
Во 2022 година во Северна Македонија имало 1 613 разводи.
Автор - Тамара Дичоска
0 notes
megjashi · 1 year ago
Text
Tumblr media
Деца по развод- отуѓени или заштитени?
јули 31, 2023
Tumblr media
 Печати
Дали доделувањето на старателството врз децата по развод кај едниот родител води до оттуѓување на децата од другиот родител? Дел од експертите, кои ги прашавме, сметаат дека двајцата родители треба да имаат еднакви права врз децата, освен во случаите на семејно насилство. Но, други пак,се сомневаат дека државата ќе умее да направи добра проценка за ризик кога ќе треба да пресече за доделувањето на старателство по развод.
Постоечкиот систем во Северна Македонија е едноставен доколку родителите се согласуваат и по разводот си ги делат обрските околу децата, но доколку меѓу нив нема меѓусебна комуникација, што се случува често по развод, тогаш системот му ги ограничува контактите и видувањата со своето дете на оној родител на кој не му е доверено старателството.
Законот е застарен и потребни се итни измени, сметаат дел од професорите по семејно право, бидејќи како што поминува времето, кога детето е доверено само кај едниот родител, губи секаква емоционална и физичка врска со отсутниот родител која понатаму е тешко да се искомпензира. Тука, секако, се исклучок случаите каде имало семејно насилство или злоупотреба на вршење на родителското право, тука судот треба да пресече, вели за РСЕ професорката по семејно право Елена Игновска. “Само во ситуација кога ќе се докаже дека има некаков проблем, на пример семејно насилство кое треба да биде докажано со правосилна судска пресуда или други проблематични ситуации кои што го проблематизираат родителот како неподобен да ги врши родителските одговорности, тогаш се носи судска одлука дали на другиот родител да му се дозволи заеднички да продолжи да ги врши родтелските одговорности или пак треба делумно да му се одземат или ограничат родителските права”, вели професорката Игновска.
ВИДЕТЕ И ОВА:
Децата од еднородителски семејства - дискриминирани и без заштита
Национална мрежа против насилство врз жените: еднаквото старателство е штетно за жените и децата Од Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство во Северна Македонија, воведувањето на еднакво старателство по развод би имало штетни последици врз жените и децата. Според нив, неопходно е да постојат јаки институции во земјава кои ќе го проценат ризикот при доделувањето на старателство, за да се заштите безбедноста на мајката и детето. “Доколку се воведе заедничко старателство по развод сметаме дека би се применувал генерално без претходно да се направи соодветна проценка на сите ризици кои би довело до потенцијално штетни последици во насока на заштитата на жените и децата кога во семeјството има насилство. Дополнително моменталната терминологија како и концепти кој се јавува во определени Иницијативи за овој заеднички модел на заедничко родителство како ,,родителско отуѓување” или ,,доделување на децата на жената/мајката” главно се темелат на родовите стереотипи кои владеат во едно општество и истите можат штетно да делуваат врз жените кои се жртви на насилство од страна на нивниот интимен партнер“, велат за РСЕ од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.
Низок процент на пријави за семејно насилство Во Северна Македонија бројот на случаи на семејно насилство кои се пријавуваат е многу низок, односно само 2% и тоа е загрижувачки, смеаат од Националната мрежа. “Центрите за социјална работа и граѓанските судови треба да бидат посебно внимателни при доделувањето на децата земејќи ги индивидуалните карактеристики на определно семејство. Преку нашата пракса и работа на директна помош на жени жртви пред се на семејнотo насилство нотирано е дека институциите се уште немаат доволно познавање за спецификите на семејното насилство ниту имаат доволна сензибилизација за постапување во конкретната проблематика. Многу често насилството не се препознава, врз жртвите се врши ревиктимизација, а децата се оставаат во некој расчекор помеѓу оставрувањето на родителските права на двајцата родители и утврдувањето на професионалците пред се од вработените во центрите за социјална работа дали во семејството постои насилство или не.” Според податоците на МВР од почетокот на годинава до сега, вкупниот број кривични дела за семејно насилство кај жени изнесува 410 случаи, а бројот на мажи кои биле жртви на семејно насилство е 130. Но, не секогаш разводите се случуваат поради семејно насилство и кога тоа не е случај, сепак, доколку родителите немаат меѓусебна комуникација по разводот, законски детето се доделува кај едниот родител, а другиот има право со ограничени часови и денови во месецот да поминува време со него.
Tumblr media
Меѓаши - промена на законот Детето никогаш не треба да биде во ситуација да избира меѓу двајцата родители, ниту да се отуѓува од било кој од родителите бидејќи од особена важност за детето во неговиот раст и развој се поддршката и љубовта која ја добива од нив. Поради тоа родителите мора да се договорат околу грижата и воспитувањето на своите деца по разводот, како и да го уредат начинот на видување на децата, велат за РСЕ од детската амбасада Меѓаши, меѓутоа во случаи кога нема семејно насилство. “Ова ќе важи за сите случаи, меѓутоа, заедничкото родителство не треба да биде по секоја цена, особено не во случаи кога нарушените партнерски односи прераснуваат во насилство во кое детето не само што е сведок туку и жртва на истото. Како и во случаи кога во судска постапка и со докази ќе се утврди дека едниот родител од определени причини (психички заболувања, злоупотреба на алкохол или наркотици, физичка или сексуална злоупотреба и др.) не е целосно или делумно соодветен за поделено старателство и тоа треба сразмерно да му се намали или целосно одземе, зависно од ситуацијата. И како трето, дополнување на одредбите што предвидуваат дека ЦСР ќе врши надзор над извршување на родителското право, во смисла дека принципот на еднакво видување може да претрпи промени само ако се утврди дека таквиот начин на гледање е штетен за развојот на децата, ако едниот родител не е подобен за остварување на родителски права или ако едниот родител експлицитно се изјасни дека не е во состојба или не сака да ги гледа децата според овој принцип”, велат од детската амбасада. Уште пред 5 години “Meѓаши” и неколку други здруженија побараа до Владата и Парламентот измена на Законот за семејство, за да се промени како што велат неправедната положба на родителските права по развод, но не резултирало со никаков успех.
ВИДЕТЕ И ОВА:
Тешка е борбата на самохраните родители
Кој решава за старателството? На прашање до ресорното министерство за труд и социјална политика дали размислуваат за промена на Законот за семејство со оглед на тоа што во минатото се испратени неколку Иницијативи за измени на Законот, кои предвидуваат подеднакво старателство на двајцата родители, тие одговорија дека во постојниот Закон родителството им припаѓа на двајцата родители подеднакво, но Центарот за социјална работа одлучува кому ќе му припадне детето, а секоја иницијатива за промена на законот ќе биде разгледана. “Стручниот тим на центарот врз основа на спроведената стручно-методолошка тимска работа во зависност од возраста, потребите, интересите, желбите, наклоностите на детето, поврзаноста на детето со родителот, односите помеѓу поранешните брачни другари, нивните ставови и мислења во однос на сите прашања, одлучува како, колку и кога ќе се реализираат видувањата“, велат од МТСП. Во Законот за семејство во Северна Македонија, член 80 стои дека:
“Ако родителите не се спогодиле или ако нивната спогодба не одговара на интересите на децата, судот, откако ќе прибави мислење од центарот за социјална работа и ќе ги испита сите околности, ќе одлучи дали децата ќе останат на чување и воспитание кај еден родител или некои ќе останат кај мајката, а некои кај таткото или сите ќе бидат доверени на некое трето лице или установа.”
“Родителот на кого не му се доверени децата има право да одржува лични односи и непосредни контакти со нив, ако судот не определи поинаку со оглед на интересите на децата.”
Во 2022 година во Северна Македонија имало 1 613 разводи.
Автор - Тамара Дичоска
0 notes
vaseljenska · 7 years ago
Text
Да ли ће Космајцу бити враћена одузета имовина
Да ли ће Космајцу бити враћена одузета имовина http://www.vaseljenska.com/vesti-dana/da-li-ce-kosmajcu-biti-vracena-oduzeta-imovina/
0 notes
trojerucica-blr · 2 years ago
Link
0 notes
webohrid · 3 years ago
Text
Левица: Ослободителната пресуда за Усеини пример за неказнивоста на ДУИ
Левица: Ослободителната пресуда за Усеини пример за неказнивоста на ДУИ
Партијата Левица – Локален огранок Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Вчерашната ослободителна пресуда за функционерот на ДУИ, Нефи Усеини, повторно демонстрира дека 20 години ниту еден функционер од редовите на партијата нема одговарано за криминал и корупција, иако истата е дел од секоја криминална коалиција. Нефи Усеини, освен како сопственик на најголем број дивоградби во…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
citynewsmk · 3 years ago
Text
Изречена пресудата за хеликоптерската несреќа кај Струмица во која загинаа четворица пилоти
Изречена пресудата за хеликоптерската несреќа кај Струмица во која загинаа четворица пилоти
Основниот суд во Струмица донесе осудителна пресуда за хеликоптерската несреќа кај Струмица, која се случи на 10 јули 2014 година и во која загинаа четворица пилоти на МВР. Судечкиот совет ги осуди обвинетите Јулијана Спировска, тогашна директорка на ЈП „Македонска радиодифузија” на условна казна од затвор од две години доколку делото не го повтори во наредните три години, Драгослав Радески,…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
macedoniantimes · 3 years ago
Text
Христијан Мицкоски сам против СДСМ извојува значајна победа
Христијан Мицкоски сам против СДСМ извојува значајна победа
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави судска пресуда со која ја добива на суд политичката партија СДСМ за искажани јавно искажани клевети за нарушување на неговиот углед. СДСМ како политичка партија се задолжени од страна на судот како виновни да му исплатат 1 евро на тужителот Христијан Мицкоски и да ја објават пресудата по однос на оваа тужба во јавен…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
bregalnicki · 3 years ago

milera2109 · 3 years ago
Link
0 notes
gostivarpress · 3 years ago
Text
Условна казна затвор за вулгарен Фејсбук коментар со омраза кон новинари
Условна казна затвор за вулгарен Фејсбук коментар со омраза кон новинари
Денеска пристигна судска пресуда во корист на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) за случајот каде што од профилот на социјалната мрежа Фејсбук именуван како „Сашо Митев“ е напишан коментар под објава на Фејсбук страната на ЗНМ. Според пресудата од Основниот кривичен суд, лицето Сашо Митев е виновен по член 394-г од Кривичниот законик и му се утврдува казна затвор од три месеци, која нема…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
automediamk · 5 years ago
Photo
Tumblr media
ЕУ ќе ја казнува Франција поради загадениот воздух
Европскиот Суд ја обвинува Франција за систематско загадување на воздухот. Во земјата со години биле пречекорувани граничните вредности за азотен диоксид во воздухот. Франција со години систематски ги прекршувала нормативите на ЕУ за чист воздух. Така пресуди Европскиот Суд. Со оваа пресуда, Комисијата на ЕУ има право да поднесе тужба против Франција заради прекумерни вредности…
0 notes
balkanskapravila1371 · 6 years ago
Photo
Tumblr media
Хаг забранио пренос уживо: Пресуда у одложеном преносу, Митровић – Позив за јавно праћење пресуде је понижење за српске жртве рата
0 notes
vaseljenska · 7 years ago
Text
Избацују ли Шешеља из парламента?
Избацују ли Шешеља из парламента? http://www.vaseljenska.com/vesti-dana/izbacuju-li-seselja-iz-parlamenta/
0 notes
mentalnahigijena · 4 years ago
Photo
Tumblr media
Хаг одбија да осуди младића за геноцид у Приједору: Ево какве је страхоте тамо починила његова војска Судије су оцениле да уништавање бошњачке заједнице није било „довољно релевантно“ да утиче на опстанак етничке групе у целини. Ратни командант босанских Срба Ратко Младић проглашен је кривим за најтеже ратне злочине и осуђен на доживотну робију, али Жалбено веће Механизма за међународне кривичне судове (МИЦТ) одбацило је захтев тужилаштва МИЦТ да је Младић, осим за геноцид у Сребреници, проглашен одговоран за геноцид у Приједору и још пет општина у БиХ током 1992. године.
Упркос великом етничком чишћењу у општинама Приједор, Кључ, Сански Мост, Фоча, Власеница и Котор-Варош, судије су рекле да уништавање заједнице босанских Муслимана није "довољно релевантно" да утиче на опстанак њихове етничке групе као целина.
Упркос овој одлуци, пресуда описује тежину и карактер злочина почињених у тим општинама, али су квалификовани као злочини против човечности и кршења права и обичаја ратовања.
Пресуда младићу потврђена је само седмицу дана након обиљежавања Дана бијеле врпце у Босни и Херцеговини, у знак сјећања на ратне злочине почињене над 3.176 бошњачких цивила убијених у Приједору 1992. године, укључујући 102 дјеце. То је мјесто најмасовнијег етничког чишћења након Сребренице. Треба подсјетити да су власти босанских Срба у Приједору 31. маја 1992. године на локалном радију издале наредбу којом несрпском становништву налажу да своје куће обиљежавају бијелим заставама и да им кад напуштају куће ставе бијеле траке око рукава. Злочини су започели нападима српских снага на бошњачка насеља на Матарушком брду 22. маја, затим нападима на Козарац 24. маја и отварањем логора Кератерм, Омарска и Трнопоље између 26. и 30. маја. Српске снаге одвеле су становништво у логоре, где су организована масовна погубљења и почињени други злочини. Откривено је више од 400 масовних гробница у вези са злочинима почињеним у Приједору, укључујући Томашицу, која се сматра највећом масовном гробницом на Балкану.
У Санском Мосту је убијено више од 800 Бошњака, који су пронађени у око 40 масовних и појединачних гробница. Војска Републике Српске насилно је преузела власт у граду у априлу 1992. године. Гранатирали су цивилне зграде, пљачкали и уништавали имовину и организовали масовна и појединачна убиства. Од маја до септембра 1992. године, у Кључу је убијено 612 Бошњака и Хрвата. Српска војска извршила је масакр у Биљанима у општини Кључ 10. јула 1992. године, када је убијено 260 бошњачких цивила.
Такође, припадници Војске Републике Српске терете се за учешће у стрељању на најмање 78 жртава у општини Кључ. У селу Велагићи, у општини Кључ, наоружани и са пријетњама протјерали су бошњачке цивиле из зграде основне школе „Раденко Стојнић“.
Наређено им је да се построје испред школе и убијени су пуцајући из аутоматског ватреног оружја. Тела су сахрањена у масовној гробници, а остаци су пронађени 1996. године у масовној гробници Ланиште.
Током 1992. године у општини Котор-Варош убијено је неколико стотина бошњачких цивила. Неколико чланова војне и цивилне власти Републике Српске суђено је за злочине над бошњачким и хрватским становништвом на том подручју.
Припадници војске Републике Српске преузели су контролу над Власеницом 21. априла 1992. године, а до краја септембра већина бошњачког становништва протерана је из Власенице. Они који су остали завршили су у логору Сушица. У Сушици су већина заточеника били цивили, укључујући велики број жена, беба, мале деце и стараца.
Прошло је и задржано више од 8.000 људи, мушкараца, жена, деце и стараца, који су држани у изузетно нехуманим условима. Били су изложени мучењу, психолошком узнемиравању, силовању, а убијено је више од 1.600 људи.
Више од 2.700 људи је убијено или нестало у општини Фоча, а неколико пресуда Међународног кривичног суда за бившу Југославију утврдило је етничко чишћење Бошњака, убиства и масовна силовања и уништавање имовине.
0 notes
webohrid · 3 years ago
Text
Крлеска Деспотоска: Имотот на ВМРО-ДПМНЕ во нашиот град е стекнат незаконски
Крлеска Деспотоска: Имотот на ВМРО-ДПМНЕ во нашиот град е стекнат незаконски
Претседателката на ОО СДСМ Охрид, Кристина Крлеска Деспотоска денес одржа прес-конференција пред партиските простории на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. „Се наоѓаме пред партиските простории на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, пред еден од објектите кој во своите ѕидови крие криминал докажан во пресуда Талир 2 и претставува еден од најголемите корупциски случаи на ВМРО-ДПМНЕ и воопшто во историјата на правото во државата…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes