#веб охрид
Explore tagged Tumblr posts
Text
Објавен Конкурсот за прием во студентските домови за академската 2023/2024 година
Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2023/2024 година. Според Конкурсот објавен на веб-страницата на МОН, слободни се вкупно 4480 места за сместување студенти во домовите во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и Тетово. Од нив,…
View On WordPress
0 notes
Text
Волонтерството во рамките на СОС линијата, лично излагање волонтерка Јулија Велковска Julija VelkovskaУлогата на волонтерите и волонтерките во работата на СОС-линијата за деца и млади при Детска амбасада Меѓаши / Children's Embassy MegjashiВолонтерите и волонтерките секогаш биле и се многу важен дел од работата на СОС-линијата. Секоја година се регрутираат нови волонтери/волонтерки кои добиваат континуирана обука на различни теми.Првата детска амбасада во светот Меѓаши од самите почетоци на своето постоење го промовира и поттикнува волонтерството и мировниот активизам, континуирано развивајќи активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство. Волонтерството во Детската амбасада Меѓаши особено е поттикнувано во работата на СОС-телефонот за деца и млади и развојот и функционирањето на телефонската линија во голема мера е поддржано од волонтери.Низ годините во Меѓаши волонтирале многу млади луѓе, студенти и докажани професионалци од полето на психологијата, социјалната работа и правната легислатива. Сите волонтери/волонтерки завршуваат обука за правилата, однесувањето и начинот на работа на СОС-телефонската линија.Волонтерите/волонтерките во текот на годините оствариле средба со ученици од сите училишта во Македонија, спроведувајќи многу работилници во училиштата, а со цел поголема информираност за детските права, подигнување на свесноста кај децата за своите права и можностите за контактирање со стручни лица од СОС-телефонот.Оваа година во тимот на СОС се приклучија шест волонтерки, меѓу нив студентки, средношколки и професорки. Овој тим волонтерки подготви неколку блогови на актуелни теми за младите со цел да се доближиме до оваа популација за да нè препознае како нивни поддржувач. Дел од овие блогови беа објавени на веб и Фејсбук-страниците на Меѓаши, а формираниот фонд текстови ќе бидат и понатаму објавувани во следната 2021 година. Дел од волонтерките, исто така, се јавуваат на повиците во текот на дежурствата во попладневните часови во работните денови, како и во викендите.БЛАГОДАРНОСТПрвата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија и посебно тимот на СОС-телефонот за деца и млади упатува искрена благодарност до сите што ни укажаа доверба во текот на оваа специфична година за човештвото, обраќајќи ни се за проблеми што ги засегаат децата �� младите. Им благодариме што нè препознаваат како место на кое може да бидат слушнат��, разбрани и советувани и со тоа ни овозможуваат да ја остваруваме нашата мисија како организација, а тоа е да создаваме подобар свет за секое дете.Посебна благодарност оддаваме и на нашите минати и сегашни волонтерки и волонтери кои несебично ги посветуваат своите способности, знаење и време во работата на СОС-телефонот.Упатуваме благодарност и до сите наши соработници до кои се обративме во текот на давањето поддршка на нашите јавувачи за посоодветен совет, поддршка или решение. Без намера некого да испуштиме, се заблагодаруваме на Коалицијата за правично судење, Коалиција Сите за правично судење (Coalition All For Fair Trials) Македонското здружение на млади правници, Macedonian Young Lawyers Association Кризниот центар Надеж, Crisis Center " Hope" - Кризен Центар" Надеж" Редот на милосрдните сестри на Мајка Тереза, ЈУМЦСР Скопје и посебно интервентниот тим, СВР Скопје, СВР Охрид, Народниот правобранител.
Волонтерството во рамките на СОС линијата, лично излагање волонтерка Јулија Велковска Julija VelkovskaУлогата на волонтерите и волонтерките во работата на СОС-линијата за деца и млади при Детска амбасада Меѓаши / Children’s Embassy MegjashiВолонтерите и волонтерките секогаш биле и се многу важен дел од работата на СОС-линијата. Секоја година се регрутираат нови волонтери/волонтерки кои добиваат континуирана обука на различни теми.Првата детска амбасада во светот Меѓаши од самите почетоци на своето постоење го промовира и поттикнува волонтерството и мировниот активизам, континуирано развивајќи активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство. Волонтерството во Детската амбасада Меѓаши особено е поттикнувано во работата на СОС-телефонот за деца и млади и развојот и функционирањето на телефонската линија во голема мера е поддржано од волонтери.Низ годините во Меѓаши волонтирале многу млади луѓе, студенти и докажани професионалци од полето на психологијата, социјалната работа и правната легислатива. Сите волонтери/волонтерки завршуваат обука за правилата, однесувањето и начинот на работа на СОС-телефонската линија.Волонтерите/волонтерките во текот на годините оствариле средба со ученици од сите училишта во Македонија, спроведувајќи многу работилници во училиштата, а со цел поголема информираност за детските права, подигнување на свесноста кај децата за своите права и можностите за контактирање со стручни лица од СОС-телефонот.Оваа година во тимот на СОС се приклучија шест волонтерки, меѓу нив студентки, средношколки и професорки. Овој тим волонтерки подготви неколку блогови на актуелни теми за младите со цел да се доближиме до оваа популација за да нè препознае како нивни поддржувач. Дел од овие блогови беа објавени на веб и Фејсбук-страниците на Меѓаши, а формираниот фонд текстови ќе бидат и понатаму објавувани во следната 2021 година. Дел од волонтерките, исто така, се јавуваат на повиците во текот на дежурствата во попладневните часови во работните денови, како и во викендите.БЛАГОДАРНОСТПрвата детска амбасада во светот Меѓаши – Република Македонија и посебно тимот на СОС-телефонот за деца и млади упатува искрена благодарност до сите што ни укажаа доверба во текот на оваа специфична година за човештвото, обраќајќи ни се за проблеми што ги засегаат децата и младите. Им благодариме што нè препознаваат како место на кое може да бидат слушнати, разбрани и советувани и со тоа ни овозможуваат да ја остваруваме нашата мисија како организација, а тоа е да создаваме подобар свет за секое дете.Посебна благодарност оддаваме и на нашите минати и сегашни волонтерки и волонтери кои несебично ги посветуваат своите способности, знаење и време во работата на СОС-телефонот.Упатуваме благодарност и до сите наши соработници до кои се обративме во текот на давањето поддршка на нашите јавувачи за посоодветен совет, поддршка или решение. Без намера некого да испуштиме, се заблагодаруваме на Коалицијата за правично судење, Коалиција Сите за правично судење (Coalition All For Fair Trials) Македонското здружение на млади правници, Macedonian Young Lawyers Association Кризниот центар Надеж, Crisis Center ” Hope” – Кризен Центар” Надеж” Редот на милосрдните сестри на Мајка Тереза, ЈУМЦСР Скопје и посебно интервентниот тим, СВР Скопје, СВР Охрид, Народниот правобранител.
View On WordPress
0 notes
Text
Врнежи од град со големина на лешник во Охрид
Врнежи од град со големина на лешник во Охрид
Силно невреме проследено со врнежи од дожд и град го зафати Охрид попладнево во 15 часот и 10 минути. Невремето траеше околу 15-ина минути, а зрната град беа со големина на лешник. https://youtu.be/FFc3YT81xHQ WebOhrid / 28.05.2022
View On WordPress
0 notes
Text
9 години WebOhrid
Пред точно 9 години започна со работа електронскиот медиум WebOhrid. Во изминатите години нашиот медиум постојано се доусовршуваше, а целта остана иста: брзо, точно и објективно информирање на јавноста. Нашата редакција е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залагаме за почитување на етиката и професионалните стандарди во известувањето. Исто така,…
View On WordPress
0 notes
Text
Ретка конјункција на Јупитер и Сатурн
Ретка конјункција на Јупитер и Сатурн
На 21 декември двете најголеми планети во нашиот сончев систем Јупитер и Сатурн, гледано од Земјата споени ќе изгледаат како двојно поголема планета. Оваа ретка појава ќе може да се следи утревечер, еден час по зајдисонце, се разбира доколку временските услови ��о дозволат тоа, односно доколку е ведро. Овој „спектакл“ е навистина редок. Последен пат оваа конјункција е забележана пред околу 800…
youtube
View On WordPress
0 notes
Photo
ЗНМ и СЕММ: Регистарот на професионални онлајн медиуми достапен на www.promedia.mk Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за eтика во медиумите на Македонија (СЕММ) информираат дека веб-страницата на којашто се достапни податоци за професионалните онлајн медиуми
0 notes
Photo
Се бара работник за прием и продажба на возила во „Терен Ауто Плус“ Салонот за продажба на користени возила „Терен Ауто Плус“, во населба Рача, Охрид, распишува оглас за вработување во редовен работен однос на работник за прием и продажба на возила.
0 notes
Photo
7 години WebOhrid Пред точно 7 години, на 12 декември 2012 година, точно во 12 часот, 12 минути и 12 секунди, започна со работа електронскиот медиум WebOhrid.
0 notes
Video
youtube
Подводна еко-патрола 2020 Tимот на WebOhrid и ова лето работи на самостојниот проект - Aquatic, каде преку снимање на подводни сцени ви доловува повеќе локации во Охридското Езеро.
#веб охрид#вебохрид#видео#вода#езеро#екологија#нуркање#охрид#охридско езеро#подводно#ohrid#video#webohrid
0 notes
Text
Природата како да сака да се пошегува со нас, па како првоаприлска шега вчера заврна снег. Охрид утрово се разбуди со снежна покривка, слика која не е вообичаена за април.
This slideshow requires JavaScript.
WebOhrid
Снег во април (фото-галерија) Природата како да сака да се пошегува со нас, па како првоаприлска шега вчера заврна снег. Охрид утрово се разбуди со снежна покривка, слика која не е вообичаена за април.
0 notes
Text
Сигурно слушнавте/прочитавте за Проектот „Македонија без кал“. Сè се среди, па сега остана само уште „да ја елиминираме калта“. Heeeelp!!! …или пак како се вика тоа на германски!? Hilfeeeeee!!! Нека се врати некој од странство да ги среди улициве, бидејќи не останаа работници во земјава. За жал, останаа само оние кои работат во јавна администрација, ама слушам и тие ќе бегале, но не поради превработеноста или „малата плата“, туку од досада… ама друг пат за тоа.
Д��, Охрид е дел од Проектот „Македонија без кал“, што е одлично, но дали знаете што ќе се случи со средствата кои ќе бидат одобрени за таа намена? НИШТО! Буквално ништо. Само ќе се подзакрпи некоја дупка, од оние помалите, ќе се асфалтира некоја уличка, некој ќор-сокак и кога ќе се направи една ретроспектива после 5, 10, 15 години, ќе се увиди дека проекти имало, пари имало, нешто се работело, ама резултатот е ист – исти дупки на исто место, истите луѓе на исто место, а оние кои не успеале да влезат меѓу овие „истиве“ ја напуштиле државата.
Нема кој не бил по лични документи во МВР, поточно во Пожарната, а најчесто паркинг се бара отспротива, токму на ова место со кал и дупки полни со вода, проблем со кој се соочуваме децении наназад. Зарем никој од надлежните не дошол овде? Или пак дошол, ама ги меркал игралиштето за кошарка и монтажните гаражи како идеална локација за градење на нов станбено-деловен објект? Ништо да не ве чуди.
This slideshow requires JavaScript.
Господа надлежни! Без оглед од која партија бевте, сте или ЌЕ сте. Фатете се за работа и дај веќе еднаш средете го ова место!
В.Б.
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.
Македонија без кал, Охрид без кал – I don’t think so Сигурно слушнавте/прочитавте за Проектот „Македонија без кал“. Сè се среди, па сега остана само уште „да ја елиминираме калта“.
0 notes
Photo
Граѓаните можат да се вклучат во креирањето на општинскиот буџет за 2021 година Со цел да се креираат соодветни проекти кои ќе се финансираат од општинскиот буџет за 2021 година, Општина Охрид веќе десетина дена преку соодветна дигитална алатка поставена на општинската веб страница
0 notes
Text
Идејата за проектот „Ги запознаваме ретките болести“ кај мене се јави сосема случајно сакајќи да направам нешто ново, кое истовремено ќе биде и од едукативен, но и од информативен карактер, за ретките болести да се „доближат“ на пошироката јавност.
Ова, на денешната прес конференција во Скопје го порача активистот Гордана Лолеска, која заедно со охридското Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“ и оваа година во текот на „реткиот“ месец го продолжуваат овој проект, кој има за цел да се покаже дека да се биде редок, не значи да си невидлив.
– Секоја година во февруари, месецот на ретките болести, организираме различни актив��ости со кои ја запознаваме јавноста со проблемите, предизвиците, но и новините со кои се соочуваат пациентите со ретки болести и нивните семејства. Минатата година го започнавме овој проект кој првенствено беше замислен да оди во вид на текстови за ретки дијагнози по веб порталите, секој ден во месец февруари, но ентузијазмот за работа и идејата да се направи нешто повеќе го збогатија проектот со видео и аудио спотови за секоја болест, така што проектот се емитуваше на територија на Македонија на бројни медиуми, со што еден мал проект прерасна во национална кампања за ретки болести. Охрабрени од позитивниот ефект кој се доби од самата кампања, оваа година се одлучивме проектот да биде обработен на македонски, албански и знаковен јазик. Многу од пациентите со ретки болести кои се од албанска етничка припадност полесно ќе се запознаат со проблематиката на ретките болести доколку прочитаат, слушнат или видат видео на јазикот кој секојдневно комуницираат, истакна Лолеска, која од срце им се заблагодарам на докторите од Детска клиника кои безрезервно помагаа во проектот со прегледување и преведување на текстовите за ретките дијагнози, на цеокупната екипа на Супер радио која технички го реализираше овој проект, но и на медиумската поддршка од бројни медиуми ширум државата.
Министерот за здравство Венко Филипче, пред присутните истакна дека за самата програма за третирање на ретките болести, значајно е зголемен буџетот на 520 милиони денари во 2020 година.
– Минатата година, но еве и оваа продолжува програмата со нови лекови за повеќе нови дијагнози. Сега сите пациенти со пулмонална фиброза кои што долги години ја чекаа терапијата сега се покриени со терапија, со болеста ФАП сега го имаат неопходниот лек, се даде и лек за дел од пациентите за кои што имаме индикација со пулмонална хипертензија, понатаму, новите варијанти на лекови, како за болеста гоше кои што го олеснуваат аплицирањето а со тоа и квалитетот на живот на пациентите, но и за одредени форми на анемија. Се направи електронскиот регистар за ретки болести, кој значајно ни го олеснува функционирањето на оваа програма – имаме точно увид колкава количина има од лекот, каде се наоѓа, како може да се дистрибуира до пациентите. Разговарано е со пациентите за дистрибуција на одредени инсулински терапии преку аптеките до пациентите ширум државата за да не мора секогаш да доаѓаат до Скопје до соодветната Клиника, доколку тоа не е толку неопходн��. Сакам овој интензивен про��ес којшто го отпочнавме од пред околу 2 и пол години на нашата прва средба со Алијансата на Здружение на ретки болести во Владата, со која што разговаравте и слушнавме изворно од пациентите и нивните семејства со какви проблеми се соочуваат, во достапноста на терапијата, типот на терапијата, заради тоа што најчесто пациентите имаат сознанија заради тоа што комуницираат со други пациенти или здруженија на пациенти во околните земји, и таа соработка и ќе ја продолжиме и само со такви отворени политики и политики со отворени врати може да ги унапредуваме овие програми и да го унапредуваме нашиот здравствен систем. Остануваме целосно посветени за унапредување на оваа програма за третман на ретки болести, истакна Филипче.
Според Весна Алексовска, претседател на Здружението „Живот со предизвици“, секој година се’ повеќе семејства се приклучуваат кон здружението и се охрабруваат да зборуваат јавно за предизвиците и гласно да ги бараат своите права.
– Се надеваме дека наскоро ќе биде проширен скринингот со ретки болести за цела популација со цел да се спречат ментални и физички дисфункционалности (првенствено за метаболните како фенилкетонурија – моментално се прави неонатален скрининг само за 2.000 од 20.000 новородени). Рана дијагноза и рана терапија водат до поквалитетен живот. Како здружение пак оваа година продолжуваме и со бесплатна психолошка поддршка за семејствата со ретки болести, сега освен во Скопје и во други градови како Битола, Прилеп, Куманово, Охрид, Струга, Неготино. Сите информации ги објавуваме на социјалните медиуми, преку маил до нашите членови и на веб страната www.challenges.mk, истакна Алексовска.
За нас беше навистина голем предизвик, но и чест да бидеме дел од овој проект, кој годинава беше навистина обемен, истакна во име на Супер радио и комплетната екипа која беше вклучена во овој проект, првиот човек на радиото Јане Стефанов.
– Делумно го преработивме и минатогодишниот проект, кој доби и албанска, видео, радио и интернет верзија, како и верзија на знаковен јазик. Истото се изработи и за оваа година, што беше навистина сериозна и обемна задача. Сепак, работата е завршена и би сакале да и’ оддадеме почит и внимание кое го заслужува на Гордана Лолеска, која со овој проект навистина направи многу за лицата со ретки болести. Проектот веќе ги надмина границите на државата и се надеваме дека следната сезона ќе имаме уште новитети, дека истата ќе биде уште подобро прифатена од јавноста и дека лицата со ретки болести ќе го добијат заслуженото место во општеството, затоа што СИТЕ СМЕ ИСТИ, истакна Стефанов.
Кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ започнува на 1. февруари 2020 година на 40 национални, регионални и локални медиуми ширум државата, а ќе се емитува и во Косово и Албанија.
This slideshow requires JavaScript.
И овој февруари ќе „Ги запознаваме ретките болести“, сега и на албански и знаковен јазик Идејата за проектот „Ги запознаваме ретките болести“ кај мене се јави сосема случајно сакајќи да направам нешто ново, кое истовремено ќе биде и од едукативен, но и од информативен карактер, за ретките болести да се „доближат“ на пошироката јавност.
0 notes