#рокови��и
Explore tagged Tumblr posts
Text
Краен рок за пријавување: 3 декември 2023
Првата детска амбасада во светот Меѓаши е граѓанска организација што 31 година работи на полето на заштита на децата и нивните права. Веруваме дека со посветено и одговорно работење на предизвиците со кои се соочуваат децата во Македонија и пошироко, можеме да направиме промени. Тимот на Меѓаши е инспириран од личните и организациски вредности како: емпатија, солидарност, ненасилство, доверба, искреност, чесност, ентузијазам, отвореност и соработка, професионалност, правда, иновативност, почитување и достоинство, поддршка. Нашите вредности ставени во функција на организациската мисијата и визијата нѐ движат кон креирање општествени промени кои обезбедуваат подобрување на состојбата на децата и младите.
Мисија на ПДАС Меѓаши:
Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ ги застапува и заштитува правата на децата, поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство, ги негува различностите и еднаквите можности за сите.
Визија на ПДАС Меѓаши:
Поправеден свет за секое дете.
Доколку се препознавте во наведените вредности и ги разбирате мисијата и визијата на Детската амбасада МЕЃАШИ, верувате во активно граѓанство и промени, се стремите кон праведност, правичност, функционален систем кој работи во интерес на децата, имате ентузијазам и ги прифаќате професионалните предизвици, имате знаење и искуство во раководење проекти финансирани од Европската унија и меѓународни проекти како и желба за нови предизвици, имате висок интегритет, одговорност и отчетност и доколку сакате да станете дел од нашиот мал но посветен тим прочитајте ги долунаведените критериуми за аплицирање за позицијата Раководител/ка на проекти во Прва детска амбасада во светот Меѓаши - Република Македонија.
Квалификации:
- Неформално или формално образование во областа на ненасилната трансформација на конфликти;
- Искуство во областа на Мировното образование;
- Најмалку 2 години работно искуство во раководење, спроведување проекти финансирани од Европската унија и/или меѓународни проекти во областа на човековите права и слободи (детските права и проекти со млади ќе се сметаат за предност);
- Одлично познавање на проектен менаџмент и сите аспекти при планирањето и имплементрирањето проектен циклус;
- Напредно познавање и користење на говорен и пишан работен англиски јазик;
- Одлични комуникациски вештини и способност за тимска работа;
- Одлично познавање на MS Office и работа со компјутери;
- Завршено високо образование;
- Професионална етика, одговорно, навремено и уредно завршување на задачите, посветеност кон мисијата на организацијата, организациските цели, целите на проектите и програмите;
- Одлични аналитички способности, работа со рокови, подготвеност за медиумски настапи, способност за навремено и редовно планирање, подготвеност за соработка и способност за поттикнување и мотивирање;
- Иницијативност, организаторски способности и способност за работа под притисок;
- Возачка дозвола Б категорија.
Главни задачи и обврски:
- Управува и обезбедува целосна административна и логистичка координација на проектите во кои е ангажиран/а и редовно известува;
- Управува со текот на имплементацијата на активностите на проектите во кои е ангажиран/а;
- Ги следи сите фактори кои може да влијаат на имплементацијата на проектите и навремено презема соодветни мерки за обезбедување квалитено спроведување на активностите;
- Подготовува и редовно поднесува извештаи до донаторите;
- Работи тимски, соработува, навремено обезбедува административна и техничка поддршка на организацијата кога е потребно;
- Одговорно административно работи, документира, евидентира и архивира важна поштенска и електронска коресподенција;
- Одржува успешна и редовна комуникација со партнерските организации и соработниците;
- Обезбедува одржлив развој на организацијата и овозможува нови активности/содржини значајни за децата и младите;
- Учествува во креирање информативни содржини за активностите (веб-сајт, социјални мрежи) и директни учества на медиуми, во врска со проектните активности и работата на организацијата;
- Се придржува кон основните документи на организацијата (повелбата, кодексот, правилниците и другите акти, визијата и мисијата на организацијата) како и работните планови на активности (годишни, месечни, неделни и дневни) и евалуација на истите;
- Одржува комуникација со донаторите и стои на располагање за било какви информации во врска со спроведувањето на проектите;
- Придонес во други активности на Детската амбасада МЕЃАШИ, извршува и други работи од негова/нејзина надлежност во согласност со законот, општите акти на организацијата, овластувањата и договорите со тимот.
Детската амбасада МЕЃАШИ овозможува:
- Работа од дома и канцеларија
- Слободни денови за роденден/и на деца
- Можности за професионална надградба преку учества на обуки доколку работните задачи се одговорно и навремено завршени
- Техничка опрема – лаптоп и смартфон
- Поддршка од тимот за најразлични прашања и потреби
- Детската амбасада МЕЃАШИ вложува во тим кој ги живее вредностите на организацијата и се труди да обезбеди пријатна работна средина, тимска работа, почитување на личноста и различностите.
Вид на вработување:
- Работниот однос ќе биде на определено време од 1 година, со можност за продолжување на неопред��лено време, со пробен целосно платен период од 3 месеци, со 40 часовна работна недела (100%).
- Работниот ангажман предвидува договор за работен однос со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување и основна нето плата во износ од 50.800 денари.
Аплицирање:
- Работна биографија,
- Писмо за мотивација,
- Две препораки од претходните работни места,
- Копија од диплома за завршен VII/1 степен на образование;
- Потврда за познавање англиски јазик.
- Копија од возачка дозвола
Целокупната документација може да се испрати на следнава електронска адреса [email protected] со назнака: „Пријава по оглас за избор на Раководител/ка“ или да биде донесена лично или испратена по пошта на ул: ,,Коста Новаковиќ“ 22а, 1000 Скопје, во затворено плико, со назнака: „Пријава по оглас за избор на Раководител/ка“ најдоцна до 3.12.2023 година.
Сите селектирани кандидати/ки кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на разговор. На останатите кои ќе аплицираат Детската амбасада Меѓаши не презема одговорност да им одговори.
0 notes
Text
Најмалку три и пол месеци се потребни за уставни измени
Најмалку три и пол месеци се потребни за уставни измени
Според најкусите можни рокови потребни се најмалку три и пол месеци за финализирање на трите фази од постапката за измена на Уставот. Во првата фаза, Собранието, со двотретинско мнозинство треба да донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот. Во втората фаза, треба да се утврдат нацрт-амандманите и за тоа е неопходно просто мнозинство или 61 глас, додека третата и последна фаза го опфаќа…
View On WordPress
0 notes
Text
Овчарите крајно револтирани од пробивањето на сите рокови за субвенции излегуваат на штрајк пред МЗШВ
Овчарите крајно револтирани од пробивањето на сите рокови за субвенции излегуваат на штрајк пред МЗШВ
Од Сојузот на одгледувачи на овци како репрезентативна организација во која членуваат најголем број на одгледувачи на овци најавуваат генерален протест пред зградата на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Протестот ќе започне на 15 септември ако до тогаш не се исплатат субвенциите а ќе трае се до исплатата на субвенциите на овчарите!! Рокот за исплата на субвенциите за…
View On WordPress
0 notes
Photo
Во градот на Volkswagen работи бифтек-клуб „Оган и сол“
Недостиг од чипови, долги рокови на испорака и поскапувања се вообичаен репертоар на автомобилската бранша во овие времиња. Сцената на четири тркала сепак има да понуди и други вести. Аутоштат, автомобилскиот град по��игнат во чест на концернот Volkswagen во Волфсбург, деновиве посебно се гордее на обновениот бифтек-клуб. Концернот Volkswagen произведува издржливи, модерни, ценети и генерално […]
0 notes
Video
youtube
ЗАБОРАВЉЕНА ПРИСТУПНИЦА
Раковица већ пуних осам година чека завршетак радова на Булевару патријарха Павла. Од када је првог јануара 2012. године отворен за саобраћај Мост на Ади, ова приступница кубури са пројектима и реализацијом планираних радова. Сви рокови су већ одавно пробијени, иако се ради о свега неколико километара саобраћајнице.
Неспособне градске и општинске власти показале су у више наврата да им Раковица није на листи приоритета, да су грађани препуштени сами себи и на милост и немилост лењих и безобзирних извођача и фирми које су ове уносне послове добиле.
Ово градилиште злоупотребљава се пред сваке изборе како би се градски и општински челници сликали са члановима својих странака који у таквим приликама глуме задовољне и срећне грађане...
Приступни булевар је од великог значаја за становнике Раковице, делова Чукарице, Обреновца, Лазаревца и Вождовца који ову трасу свакодневно користе. Нерад надлежних, њихова бахатост и безобзирност становнике ових општина свакако неће учинити задовољним грађанима.
0 notes
Photo
ПОМЕРАЊЕ РОКОВА ЗА ПРОГРАМ „МОЈА ПРВА ПЛАТА“ ЗБОГ ВЕЛИКОГ ИНТЕРЕСОВАЊА https://ift.tt/2SD9qDu Због великог интересовања послодаваца и незапослених лица за учешће у програму „Моја прва плата“, дефинисани су нови рокови по фазама реализације програма. Пријављивање кандидата реализоваће се у периоду од 08.10.2020. до 08.11.2020. године, док ће се процес избора кандидата од стране послодаваца одвијати у периоду од 08.10.2020. до 15.11.2020. године. Коначна листа изабраних послодаваца и … Nastaviti čitanje https://ift.tt/eA8V8J #СмедеревскаПаланка #Србија #вести #новости #Паланка #Serbia #news #Palanka
0 notes
Photo
БАРАЊЕ ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ Влада на Република С. Македонија Почитувани, Се обраќаме до Владата со барање да се разреши ситуацијата во која се најдовме ние –родителите со кои децата не живеат по развод или разделба, во однос на контактите со нашите деца по донесувањето на гореспоменатата одлука. Нашето видување со децата се регулирани од државата и се одвива според решенијата за видување издадени од Центрите за социјална работа (ЦСР). Тие видувања, кои се и така ограничени на само неколку дена месечно, се одвиваат претежно за викенд. Решенијата на ЦСР вообичаено предвидуваат наше видување со децата секој втор викенд од Петок попладне или Сабота наутро до Недела навечер. Со забраната за движење, се создава ситуација да голем број родители не можат да остварат никакво видување со своите деца со месеци, се додека трае вонредната ситуација. Со тоа, на огромен број на деца, по наши пресметки околу 15 илјади деца, директно им се нарушува едно од основните детски права – правото на контакт со двата родитела. Долготрајното, неколкумесечно отсуство на контакт со едниот родител, особено во ситуација на домашна изолација не може да донесе ништо добро за децата. Напротив, очекувано е да резултира со отуѓување од родителот со кого детето не��а контакт, но и со цела низа негативни психолошки појави (гнев, лутина, депресија итн.) чии последици ќе останат и долго по укинувањето на вонредната состојба. Тука би сакале да нагласиме дека сме целосно свесни за опасностите по здравјето од тековната пандемија и нормално дека би ги преземале сите препорачани мерки за заштита при земањето и враќањето на децата, како и при нивниот престој во нашите домови. Потенцираме дека ниту имаме каде да се за обратиме за помош, ниту постои ефикасен правен лек за брзо надминување на тековнава ситуација Голем дел од засегнатите родители во изминативе денови индивидуално се обраќаа до полициските станици во своите градови, но не добија дозвола за движење во тек на полицискиот час и беа повторно препраќани во ЦСР. Знаеме и од претходно дека ЦСР немаат соодветни механизми како да обезбедат извршување на своите решенија, па го игнорираат проблемот и оставаат родителите да се договорат!? (а да можеле да се договорат, немаше да има потреба да се инволвираат ЦСР). Ситуацијата е дополнително влошена со редуцираното присуство на службениците во ЦСР на нивните работни места, недобивањето на одговори или добивање на крајно формални одговори по телефон и елетронска пошта и продолжените рокови за одговор во управните постапки, поради вонредната состојба. Затоа, сметаме дека единствен начин да се надмине сегашната ситуација е измена на горенаведената одлука од 6-ти Април, со тоа што лица кои ќе се движат за време на полициски час по основ на остварување на право на средба со деца според Решение издадено од ЦСР, да се пропуштаат и да се евидентираат како контролирани лица. За потврда на потребата на движење, родителите да се задолжат да го приложат соодветното решение за видување издадено од ЦСР. Ваквата одлука не би била преседан, напротив само би го следеле примерот од соседните држави. Во државите од окружувањето, како на пример Србија и Хрватска, постојат вакви исклучоци од забраните за движење. Со оглед на природата на ситуацијата и многуте засегнати деца, бараме во најкус можен рок да ја дополните одлуката како што е опишано погоре. Свесни сме дека ниту родителските права ниту правата на децата не се суспендираат во вонредна состојба и должност на државата е да ги заштити истите во секакви околности. Со почит, Наум Рибароски Претставник на Граѓанската иницијатива за ЗАЕДНИЧКО И ОДГОВОРНО РОДИТЕЛСТВО И ПО РАЗВОД [email protected] м-р Драги Змијанац Основач и претседател на Прва детска амбасада во светот Меѓаши - Република Македонија [email protected]
0 notes
Photo
ПОМЕРЕНИ РОКОВИ ЗА ИСПЛАТУ ДЕВИЗНЕ ШТЕДЊЕ ГРАЂАНИМА Влада Србије донела је на последњој седници Уредбу о изменама и допуни Уредбе о поступку за утврђивање права на исплату девизне штедње грађана. Скупштина Србије усвојила је 22. јула Закон о изменама и допуни Закона о регулисању јавног дуга Републике Србије по основу неисплаћене девизне штедње грађана положене код банака чије је седиште на територији …
Nastaviti čitanje https://ift.tt/32mu2CF Вести из Смедеревске Паланке
0 notes
Text
Здравиот животен стил и самодовербата се најдобри техники за справување со стресот кај младите
Секој млад човек во одреден период од својот живот имал стресни ситуации, без разлика дали тие се одразуваат на професионален план, на факултетот, на социјалните и интимните врски.
Стресот може да го почувствуваат луѓето од сите возрасти, без разлика на полот или ситуацијата на културолошкиот, економскиот и социјалниот контекст и може да доведе до физички и психички здравствени проблеми.
Поради се поголемата застапеност на стресот меѓу младите, Здружението на студенти по психологија „Психеско“ одржа свое предавања на Станица Студентска 5.0.
Како што објаснија членовите на здружението, стресот наједноставно може да се подели на акутен и хроничен стрес. Акутниот се појавува во конкретна ситуација, кратко трае и има јак интензитет. Овој тип на стрес најчесто се јавува за време на испити.
Хроничниот стрес, пак, трае подолг период и најчест симптом е замор, апатија и незаинтересираност за работите што се случуваат без разлика на професионален или на приватен план. Може да доведе до дијареа, или во најлош случај инфаркт.
Потоа, стресот може да се подели на професионален и емоционален стрес, појаснија од „Психеско“.
„Професионалниот се појавува кога на личноста и се даваат задачи кои не може да ги изврши, односно има рокови, има преголеми барања и очекувања и едноставно капацитетот на личност не е доволен. Најчесто како причина се смета тоа што луѓето земаат премногу обврски за многу краток период, а при тоа не можат да ги завршат“, велат од „Психеско“.
Од друга страна, емоционалниот стрес е повеќе карактеристичен за социјалните врски.
„Посебна форма на стрес е burnout синдромот кој повеќе е карактеристичен за професионалнит стрес, но тоа е крајна фаза којашто се манифестира со апатија, немање желба за работа, депресија, а при тоа се забележува пад на работните обврски, односно нема успех на работното место. Во вакви случаи, се работи на целиот тим, не само на поединец, бидејќ�� burnout на една личност може да влијае на целосната работа на тимот“, нагласија од здружението за време на предавањето.
Како најдобри техники за справување со стресот се здравиот животен стил и правилното дишење.
„Ако сме ден пред испит, а ние сме стресни, би било добро утрото пред да одиме на полагање да направиме вежби со кои ќе го активираме телото и на тој начин крвта ќе стигне побрзо со мускулите и ќе се поттикнат некои метаболитички процеси коишто ќе го редуцираат стресот во организмот“, советуваат од „Психеско“.
„Битно е кога ќе се најдеме во стресна ситуација, ние самите да можеме да процениме дали заслужува вниманиe. Рационално да процениме дали треба да и дадеме доволно внимание, односно да реагираме, како што сме планирале“, додаваат.
Но, она што е најважно за младите денес, како што велат од здружението, е да ја одржуваат својата самодоверба.
„Многу често ние младите се појавуваме во ситуација на стрес кога сметаме дека не сме доволно добри, но тоа може да се поправи со работа на самодовербата“, потенцираа од здружението.
0 notes
Photo
(via ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ РАКОВОДИТЕЛ/КА НА ПРОЕКТИ)
АНГАЖИРАЊЕ РАКОВОДИТЕЛ/КА НА ПРОЕКТИ Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi објавува оглас за вработување раководител/ка на проекти. Краен рок за пријавување: 26 септември 2023 Првата детска амбасада во светот Меѓаши е граѓанска организација што 31 година работи на полето на заштита на децата и нивните права. Веруваме дека со посветено и одговорно работење на предизвиците со кои се соочуваат децата во Македонија и пошироко, можеме да направиме промени. Тимот на Меѓаши е инспириран од личните и организациски вредности како: емпатија, солидарност, ненасилство, доверба, искреност, чесност, ентузијазам, отвореност и соработка, професионалност, правда, иновативност, почитување и достоинство, поддршка. Нашите вредности ставени во функција на организациската мисијата и визијата нѐ движат кон креирање општествени промени кои обезбедуваат подобрување на состојбата на децата и младите. Мисија на ПДАС Меѓаши: Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ ги застапува и заштитува правата на децата, поттикнува одговорно родителство и почит на детската личност, го зајакнува граѓанското движење за правата на децата, детското учество и се залага за функционалност на институциите во најдобар интерес на детето. Меѓаши го промовира мировното образование развивајки активно граѓанство засновано на принципот на ненасилство, ги негува различностите и еднаквите можности за сите. Визија на ПДАС Меѓаши: Поправеден свет за секое дете. Доколку се препознавте во наведените вредности и ги разбирате мисијата и визијата на Детската амбасада МЕЃАШИ, верувате во активно граѓанство и промени, се стремите кон праведност, правичност, функционален систем кој работи во интерес на децата, имате ентузијазам и ги прифаќате професионалните предизвици, имате знаење и искуство во раководење проекти финансирани од Европската унија и меѓународни проекти како и желба за нови предизвици, имате висок интегритет, одговорност и отчетност и доколку сакате да станете дел од нашиот мал но посветен тим прочитајте ги долунаведените критериуми за аплицирање за позицијата Раководител/ка на проекти во Прва детска амбасада во светот Меѓаши - Република Македонија. Квалификации: - Најмалку 3 години работно искуство во раководење и спроведување проекти финансирани од Европската унија и меѓународни проекти во областа на човековите права и слободи (детските права ќе се сметаат за предност); - Одлично познавање на проектен менаџмент и сите аспекти при планирањето и имплементрирањето проектен циклус; - Напредно познавање и користење на говорен и пишан работен англиски јазик; - Одлични комуникациски вештини и способност за тимска работа; - Одлично познавање на MS Office и работа со компјутери; - Завршено високо образование; - Професионална етика, одговорно, навремено и уредно завршување на задачите, посветеност кон мисијата на организацијата, организациските цели, целите на проектите и програмите; - Одлични аналитички способности, работа со рокови, подготвеност за медиумски настапи, способност за навремено и редовно планирање, подготвеност за соработка и способност за поттикнување и мотивирање; - Иницијативност, организаторски способности и способност за работа под притисок; - Возачка дозвола Б категорија. Главни задачи и обврски: - Управува и обезбедува целосна административна и логистичка координација на проектите во кои е ангажиран/а и редовно известува; - Управува со текот на имплементацијата на активностите на проектите во кои е ангажиран/а; - Ги следи сите фактори кои може да влијаат на имплементацијата на проектите и навремено презема соодветни мерки за обезбедување квалитено спроведување на активностите; - Подготовува и редовно поднесува извештаи до донаторите; - Работи тимски,соработува, навремено обезбедува административна и техничка поддршка на организацијата кога е потребно; - Одговорно административно работи, документира, евидентира и архивира важна поштенска и електронска коресподенција; - Одржува успешна и редовна комуникација со партнерските организации и соработниците; - Обезбедува одржлив развој на организацијата и овозможува нови активности/содржини значајни за децата и младите; - Учествува во креирање информативни содржини за активностите (веб-сајт, социјални мрежи) и директни учества на медиуми, во врска со проектните активности и работата на организацијата; - Се придржува кон основните документи на организацијата (повелбата, кодексот, правилниците и другите акти, визијата и мисијата на организацијата) како и работните планови на активности (годишни, месечни, неделни и дневни) и евалуација на истите; - Одржува комуникација со донаторите и стои на располагање за било какви информации во врска со спроведувањето на проектите; - Придонес во други активности на Детската амбасада МЕЃАШИ, извршува и други работи од негова/нејзина надлежност во согласност со законот, општите акти на организацијата, овластувањата и договорите со тимот. Детската амбасада МЕЃАШИ овозможува: - Работа од дома и канцеларија - Слободни денови за роденден/и на деца - Можности за професионална надградба преку учества на обуки доколку работните задачи се одговорно и навремено завршени - Техничка опрема – лаптоп и смартфон - Поддршка од тимот за најразлични прашања и потреби - Детската амбасада МЕЃАШИ вложува во тим кој ги живее вредностите на организацијата и се труди да обезбеди пријатна работна средина, тимска работа, почитување на личноста и различностите. Вид на вработување: - Работниот однос ќе биде на определено време од 1 година, со можност за продолжување на неопределено време, со пробен целосно платен период од 3 месеци, со 40 часовна работна недела (100%). - Работниот ангажман предвидува договор ��а работен однос со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување и основна нето плата во износ од 50.800 денари. Аплицирање: - Работна биографија, - Писмо за мотивација, - Две препораки од претходните работни места, - Копија од диплома за завршен VII/1 степен на образование; - Потврда за познавање англиски јазик. - Копија од возачка дозвола Целокупната документација може да се испрати на следнава електронска адреса [email protected] со назнака: „Пријава по оглас за избор на Раководител/ка“ или да биде донесена лично или испратена по пошта на ул: ,,Коста Новаковиќ“ 22а, 1000 Скопје, во затворено плико, со назнака: „Пријава по оглас за избор на Раководител/ка“ најдоцна до 26.9.2023 година. Сите селектирани кандидати/ки кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на разговор. На останатите кои ќе аплицираат Детската амбасада Меѓаши не презема одговорност да им одговори. Повеќе http://www.childrensembassy.org.mk/content/pdf/%D0%9E%D0%93%D0%9B%D0%90%D0%A1%20%D0%97%D0%90%20%D0%90%D0%9D%D0%93%D0%90%D0%96%D0%98%D0%A0%D0%90%D0%8A%D0%95%20%D0%A0%D0%90%D0%9A%D0%9E%D0%92%D0%9E%D0%94%D0%98%D0%A2%D0%95%D0%9B.pdf
0 notes
Text
СОНК и МОН денес ги продолжуваат преговорите
СОНК и МОН денес ги продолжуваат преговорите
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК и Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги продлжуваат преговорите за усогласување на платите на вработените во дејностите основно и средно образование, како и за дефинирање на крајни рокови за склучување на новите колективни договори за основно и средно образование. Денешната средба е за закажана во 10 часот во…
View On WordPress
0 notes
Text
Уплатен аванс за вакцини од парите на граѓаните а од вакцини ни трага ни глас
Уплатен аванс за вакцини од парите на граѓаните а од вакцини ни трага ни глас
Легитимно прашање: А кога го уплаќавте авансот за вакцините, дали потпишавте некаков договор за меѓусебни обврски и рокови или само крчмевте од парите на народот, кој го страда секој денар секојдневно?
View On WordPress
0 notes
Photo
Hyundai Ionic 5 е нереално реален автомобил
Дизајнерите во овие денови постигнуваат вистински чуда. Електромобилноста му се допаѓа на светот, возачките и возачите сакаат радикални промени, во дизајнот, во ракувањето, минува сé што ќе се препознае како одржливо и технолошки вредно. Во каква форма е автомобилскиот свет во моментов – надвор од чип-криза, рокови, прекинати синџири од добавувачите – најреално прикажува овој […]
1 note
·
View note
Photo
ШКОЛАРИНА ЗА СТУДЕНТЕ НА РАТЕ, И ДОДАТНИ АПСОЛВЕНТСКИ РОКОВИ https://ift.tt/35Ll3Qx Министарство просвете препоручило је данас високошколским установама да омогуће студентима уплату школарине у ратама, продуже рокове за упис мастер и докторских студија, као и да омогуће студентима минимум два „апсолвентска“ испитна рока. Те препоруке је Министарство дало на основу захтева студената и заједничког саопштења студентских организација и ресорног министарства. Како се наводи у саопштењу које … Nastaviti čitanje https://ift.tt/eA8V8J #СмедеревскаПаланка #Србија #вести #новости #Паланка #Serbia #news #Palanka
0 notes
Photo
НЕОПРАВДАНИ ИЗОСТАНЦИ ИЗ ШКОЛЕ НА РАЧУН РОДИТЕЉА Нови Закон о основама система образовања и васпитања обавезао је школе да подносе пријаве прекршајним судовима против родитеља чија деца неоправдано изостају са наставе. Школа је у обавези да уколико ученик накупи 25 неоправданих изостанака и уколико има 15 изостанака након обавештавања родитеља од стране школе, да пријави прекршајном суду родитеља. Новим законом су скраћени рокови, …
Nastaviti čitanje https://ift.tt/2OeXraq Вести из Смедеревске Паланке
0 notes
Photo
Брисел не ја коментира платформата на албанските партии Европската комисија засега не ја коментира содржината на заедничката платформа на албанските партии во Македонија, ДУИ, Беса и Алијанса за Албанците. На новинарско прашање како ја коментираат платформата, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, изјави дека Брисел внимателно го следи развојот на настаните во земјата. – Тоа што во моментов можам да го кажам е дека одблизу ја следиме ситуацијата и, како што и претходно рековме, очекуваме брзо формирање на влада во рамки на уставните рокови, односно нова стабилна влада. Но, мора да видиме и итно спроведување на реформи кои ќе се однесуваат на владеењето на правото, како и спроведување на реформските приоритети и продолжена имплементација на претходните политички договори. Во овој контекст, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме земјата во нејзиниот европски интеграциски процес. Тоа е сè што можам да кажам во моментов – истакна Коцијанчич на денешната прес-конференција во Брисел.
0 notes